13.04.2024

Организираме работилници по грнчарство каде секој посетител создава свое дело од глина

Организираме работилници по грнчарство каде секој посетител создава свое дело од глина

Велат дека интернетот има моќ да го промени светот, па затоа тимот на Кајак.мк го користит максимумот на интернетот за промоција на сите позитивни и убави приказни кои ни се случуваат во Македонија.

Целта на нашето постоење е да ви ги испромовираме сите локални херои во Македонија, кои за нас прават мали нешто од огромно значење за развојот на туризмот, за зајакнување на општеството и за градење на добрини помеѓу луѓето.

Денеска сме радосни што ќе ве запознаеме со уште една прекрасна атракција која можете да ја резервирате преку Кајак.мк. За оние кои сакаат да искусат нешто ново и уникатно, за оние кои бараат креативни бегства од секојдневната рутина, тогаш ние ви препорачуваме да се пријавите на некоја од работилниците по грнчарство кои се организираат во Скопје. Барање за работилница можете да испратите со еден клик ОВДЕ.


Позади ова прекрасно студио за грнчарство стојат млади креативни луѓе, кои својата пасија кон уметноста одлучиле да ја истурат во ова скопско катче каде секој од вас има прилика да стане дел од уникатно искуство каде вашата креативност ќе можете да ја обликувате во разни форми, додека уживате во друштво на пријателите, со чаша вино, чај или кафе.

Кафе работилницата е посветена на негувањето и ширењето на уметноста на грнчарството. Работилницата ви овозможува не само да се забавувате, туку и да учите, создавате и на крајот да си заминете со рачно изработен предмет кој ќе го цените и користите.


Локацијата на студиото е идеална - со лесен пристап и бесплатен паркинг, а ако временските услови дозволуваат, работилниците се оддржуваат на отворено во убавиот двор на ателјето. Ова дополнително придонесува кон опуштена и инспиративна атмосфера каде што секој може да ја истражува својата уметничка страна.


Студио нуди два типа на работилници:

Работилница на Грнчарско Тркало која ви овозможува да изработите предмет како чаша, чинија или слично. Максимално учество е ограничено на 4 лица, што ја прави совршена за мали групи или индивидуални сесии. Секое искуство трае околу 2 часа, вклучувајќи презентација и практична обука.


Втората работилница е именувана како „Вино и Глина" а е комбинација од уживање со чаша вино и создавање на уникатни скулптури или фигури. На оваа сесија може да се пријават од 8 до 10 учесници, правејќи ја идеална за поголеми групи што сакаат да создадат спомени заедно.


Секој креативен процес започнува со квалитетна македонска црвена глина и завршува со вашиот рачно изработен уникат кој може безбедно да се користи во контакт со храна благодарение на безоловните глазури. Предметите најпрво се сушат, па следува првото печење, глазирање (ако е вклучено), и конечно, второто печење. Целиот процес може да трае од 1 до 2 месеци, но вреди поради магијата што ја добивате на крајот.


Покрај тоа, секој учесник на крајот добива известување дека неговиот предмет е готов и спремен за подигање. За оние кои не можат да чекаат, работилницата нуди поклончиња како симболичен спомен од вашето искуство.


Да бидеш дел од работилница по грнчарство не е само учење на нова уметност; тоа е можност за дружба, изразување и креирање на спомени кои траат. Не пропуштајте ја оваа прилика да бидете дел од нешто посебно, да создадете нешто свое што ќе ве потсетува на магичниот ден.

Доколку сакате да ги погледнете цените за пријавување на работилницата и да испратите барање, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Вила со базен и раскошен двор во околината на Скопје

За оние кои работат он-лајн и имаат простор за движење низ државата, наш предлог е да се преселат овде на одреден период, а доколку имаат домашни милениче треба да имаат до знаење дека овде може да го понесат и своето милениче.

Планинска вила со базен во која секој мора да престојува!

Вилата се наоѓа во село Бигла. Сместена во село од разбиен тип со лесно пристапен асфалтен пат. Вилата располага со отворен базен идеален за разладување во летните периоди.

Вила на Беровско езеро идеална за цело друштво

Исто така, ова шармантна вила дозволува влез на домашни миленици, што ќе ви го збогати вашето патување со нови спомени со вашето домашно милениче.

За првпат во Македонија: Дрвени бунгалови со базен во село Стрезовце

Базенот е со димензии од 12x6, а покрај базенот има и летниковец со фурна и скара за максимално уживање на гостите.

Дали сте ја посетиле винаријата Queen Marija во Демир Капија?

Винаријата има свои сместувачки капацитетити за оние кои сакаат да останат на подолг период. Во самото дворче има високи дрвја кои обезбедуваат сенка во зеленото дворче.

Дали сте го посетиле рибниот ресторан Riverside на реката Треска

Ентериерот е автентичен на ресторанот. Менито е богато со локални специјалитети и риба. Музиката е пријатна и идеална за амбиентот и просторот.