09.02.2024

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Бакалницата на Кајак.мк од ден на ден чиниш препраснува во еден мал саем на семејни винарии каде може да најдете нови вкусови и нови вина кои ретко се достапни на полиците на масовниот пазар.

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.


Идеалната надморска височина и квалитетната почва го поттикнале господинот Борче да одлгедува сопствени винови лозја и да произведува вино.


Борче за Кајак.мк раскажува дека со лозарство започнал да се занимава пред цели 20 години, односно во 2004-та година. Со тек на годините кај него се будела идејата да отпочне со органско производство на вино, нешто што би било здраво и убаво за конзумација.


Пред точни три години Борче се одлучува да отпочне со органско одгледување на лозовите насади. Свесен за тоа дека ќе се намали родот, но среќен дека ќе може да произведе добро вино за себе и своите блиски.


Љубовта кон лозарството и производството на органско вино го мотивирале да регистрира своја мала семејна винарија. Денеска веќе регистрираната винарија „Стојков“ произведува и полни розе, црвено и бело вино, кое вино е „органско во преодна фаза“


Розе виното е создадено како комбинација од Вранец, Мускат Хамбург и Прокупец, а црвеното Куве вино е од сортите Вранец, Бургундац и Мерло. Неговите вина можете да ги нарачате со достава до ваша адреса, а нив можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.