16.11.2026
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Кој вели дека дождливото ноемвриско време не може да биде совршено за тим-билдинг? Кога ќе се спојат добра екипа, позитивна енергија и вкусна домашна храна, се создаваат незаборавни тимски приказни!
Тимот на Кајак.мк успешно реализираше уште едно уникатно тим-билдинг искуство во Вевчани, овојпат со малку поинаков концепт од нашите вообичаени тимски авантури.

Наместо класични тим-билдинг активности, овојпат главниот
акцент го ставивме на колективното готвење и подготовката на традиционални
локални специјалитети, кои на крајот заеднички беа послужени на трпезата.
Ова прекрасно искуство го реализиравме со дел од тимот на
TaskForce, чии вработени покажаа дека ниту дождот, ниту студеното ноемвриско
време не можат да ја расипат добрата атмосфера. Напротив, токму ваквите моменти
создаваат посебни спомени, многу смеа и уште посилни тимски врски.
А дали знаете дека Вевчани крие вистинско богатство од традиционални локални специјалитети?

Токму затоа, нашите учесници имаа можност да се запознаат со
вкусовите на вевчанската кујна, меѓу кои:
Вевчански зелник – традиционална пита со домашно пченкарно
брашно и праз.
Домашна сукана пита – рачно сукани кори со вкусен фил од
сирење.
Тавче гравче – еден од најпрепознатливите македонски
традиционални специјалитети.
Тава со полжави – автентичен локален специјалитет подготвен според традиционален вевчански рецепт.

Уште една причина повеќе да го засакате Вевчани!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.