29.11.2022
Засадивме парк од 60.000 денари и помогнавме да се продадат 450 шишиња вино
Засадивме парк од 60.000 денари и помогнавме да се продадат 450 шишиња вино
На 27-ми ноември, тимот на Кајак.мк го организираше првиот волонтерски настан именуван како „Екологија и вино“. Настанот го организиравме во градот Кавадарци, каде воедно беа донирани и засадени дрвца во првиот градски парк во Македонија преку програмата за пошумување на „Кајак Агенција“.

Засадените дрвца се во вредност од 60.000 денари, а истите се набавени од подрачната единица на „Национални Шуми“ од Кавадарци. Пошумувањето го реализиравме со компаниите кои во текот на 2022 година остварија соработка со платформата Кајак.мк.

Акцијата за пошумување е реализирана на локацијата со координати 41.434480, 21.999857. Секој заинтересиран може да ја посети локацијата и да се увери во нашиот нов концепт кој сакаме да го оддржуваме во годините пред нас, а тоа е инвестирање на средства во изградба на паркови низ градовите ширум Македонија. По спроведената анализа доаѓаме до заклучок дека ваквите акции се од огромно значење за локалното население, за почист градски воздух и имаат директно влијание врз туризмот со тоа што ги разубавуваат ликовите на градовите.


Паркот е пошумен со дрвца: „Смрча“ и „Јуниперус хоризонталес“ кои се набавени од „Национални шуми“ и дистрибуирани до локацијата на пошумување. Повеќе фотографии од акцијата за пошумување може да погледнете со еден клик ОВДЕ.

По спроведената еко акција, тимот на Кајак.мк за првпат од своето постоење волонтерски организираше вински забавен саем, преку саем им дадовме дирекна поддршката на малите семејни винарии од тиквешкиот регион.

На настанот беа продадени скоро 450 шишиња вино од малите семејни винарии, а од друга страна пак, на присутните гости им се овозможи да се запознаат со нови винарии, да дегустираат нови вкусови вино и секако да го купат омиленото.

Присутни беа 10 семејни винарии кои се дел од „Здружението на семејни винарници“. За поголем дел од присутните винарии, тимот на Кајак.мк веќе има споделено разни четива, а дел од винариите може да ги најдете во нашата база на „Гастрономија“.


Настанот траеше од 11:00 до 15:00 часот, а она што најмногу нѐ радува е фактот дека покрај лошата временска прогноза која се предвидуваше за 27.11, компаниите ја прифатија нашата покана да присуствуваат со своите колеги на саемот и да им ја дадат поддршката на малите семејни винарии.


Компании на кои сакаме да им се заблагодариме за нивното присуство на винскиот саем се: Cargo Runner Co, Dimpal, Комерцијална Банка, Polar Cape, Markart, Panteleon GS, Schneider Electric, Frontwise Group и Dental Art и Лазарев Сметководство, без кои ваквиот саем од опшествено значење, ќе беше само идеја на Кајак.мк на лист хартија.

Ваквите настани од општествено одговорно значење, ќе продолжат во иднина, а очекуваме да ни прераснат во една традиција која ќе гарантира континуирана поддршка на малите семејни винарии. За оние компании кои се заинтересирани да бидат гости на нашиот нареден голем вински саем, треба да имаат предвид дека истиот ќе се оддржи на 24.05.2023 година (Среда) кој е неработен ден. Доколку сакате да го резервирате вашето место, испратете ни барање на [email protected].

Целодневниот волонтерски настан кој го именувавме како „Вино и екологија“ беше поддржан од многу чинители без кои ние како платформа и движење не би успееле да го реализираме.
Тимот на Кајак.мк изразува огромна благодарност до главните “виновници“ од општина Кавадарци, а тоа се Крсте Соколов од секторот за туризам и Доне Илов одговорен за пошумувањето на градот Кавадарци. Одличната комуникација и логистиката на терен ни вродија еден ваков прекрасен настан во еден таков обичен ден.


Огромна благодарност до сите волонтери кои се вклучија во реализицијата на еден ваков општествено одговорен проект. Овде сакаме да изразиме благодарност до момците од бендот ChillOut кои се наша десна рака за време на настаните кои ги организираме. Заедно со ChillOut досега имаме реализирано повеќе волонтерски еколошки акции за чистење на отпадоци на туристички локации, а во наредниот период ќе спроведеме акција за пошумување на нови дрвца.

Огромна благодарност изразуваме и до атељето Зингибер и до нашиот млад уметник Бојан, без кои винскиот саем немаше да го добие својот колорит. За Зингибер сме пишувале често, нивното уникатно атеље може да го посетите во секое време. Повеќе информации за нивната приказна и директен контакт ќе добиете со еден клик ОВДЕ.


Со Бојан, веќе ги лансираме нашите нови ексклузивни настани именувани како „Art & Wine“. Вакви приватни предновогодишни настани именувани како „Предновогодишни вински соби“ ќе организираме во тек на цел месец декември. Доколку вашата компанија сака да биде дел од предновогодишните „Art & Wine соби“ може да ни испрати барање со еден клик ОВДЕ.




Почитувани клиенти, соработници, луѓе кои живеат во светот на „Кајак.мк“, луѓе кои го чувствуваат и поддржуваат нашето движење, сакаме да ви се заблагодариме на досегашната поддршка. Сакаме да им изразиме огромна благодарност и на компаниите кои донираа средства за пошумување, а не беа во можност да присуствуваат на винскиот саем поради оправдани причини. Им благодариме на Support & Solutions Center, Strategic Development Consulting, Singular, Seavus, Masac Solution, KRKA, Arhitekton Dizajn, Damilah, DigiDive и Жито Пром.

Нови акции за пошумување
нови градски површини ќе се бидат спроведени на пролет, во нова општина и со
нови предизвици.
Засадете едно дрвце,
без разлика каде и без разлика кога!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Викенд дестинација што мора да ја видите: Лазарополе и Фестивалот на нарцисот
Овој викенд откријте една од најубавите планински дестинации во Македонија – Лазарополе на Бистра, каде цвета фестивалот на нарцисот и природата изгледа нереално.
Неделно откритие од Македонија: Спомен-костурницата во Велес како симбол на меморијална архитектура
Ова неделно откритие нè носи во Спомен-костурницата во Велес – монументален меморијален комплекс и пример на модернистичка архитектура што ја чува историјата на НОБ.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Домашен туризам во дигитална сенка: зошто младите гледаат кон светот, а не кон Македонија?
Додека светските туристички дестинации доминираат на социјалните мрежи, македонските природни богатства тешко стигнуваат до вниманието на младите. Зошто домашните приказни сè уште се борат со глобалните алгоритми?
Тим билдинг со Proton Mail: АTV авантура, wine hunting и донација на храна во ранчот на Трејси
Тим билдинг со Proton Mail: АTV авантура, wine hunting и донација на храна во ранчот на Трејси
Гастро викенд во Македонија | Уникатни гастрономски искуства Kajak.mk
Овој викенд е идеален за гастро дестинации во Македонија. Резервирајте уникатно гастрономско искуство со домашна храна и локални вкусови преку Kajak.mk.