04.03.2021

Започнавме со една икона за подарок, а сега имаме огромен број резбарски дела

Започнавме со една икона за подарок, а сега имаме огромен број резбарски дела

Кога сме кај туристичките приказни од луѓето кои прават мали нешта со огромно значење во развојот на туризмот, тимот на Кајак.мк се одлучи месец Март да го посвети на жените хероини кои творат во Македонија. Мина заедно со нејзиниот сопруг Марјан може да се пофалат со многу ракотворби. Она што тие го практикуваат во 21-ви век е резбарството. Мина вели дека во периодот пред да почне со резбарството нејзинито маж постојано сонувал дека еден ден ќе ја работи ова професија.

Денот кога требало да подарат икона во манастирот Св. Спас во Кавадарци, биле ограничени со финасии и се решиле иконата да ја изрезбат на дрво. Подоцна истиот поп од нив бара да се изработи дрвен крст кој ќе се користи за „Водици“

Овие два геста ги натерало да се посветат на резбарството и во краток период да поклонат многу икони резбани на дрво. Она што е интересно е фактот дека Марјан имал искуство само како столар, но со верба во себе и дарба за резбање успеваат да изработат сувенири и производи од дрво.

Мина вели дека резбата на дрво им овозможила да се чувствуваат исполнети со љубов и среќа која што сакаат да ја споделат и подарат на сите околу нив. Овој занает го усовршуваат од самите почетоци на 90-те години па се до денес, внесувајќи им на резбите македонски мотиви.


Марјан потекнува од Мијачкиот дел каде воедно излегле најдобрите резбари и фрескописци на Македонија. Татковците им биле врвни столари, па оттука и преработката на дрвото може да се каже дека е семејна традиција.


Ги запрашавме со кои проекти најмногу се гордеат од досега сработеното?

Мина одговори дека нивните ракотворби и дела ги има во многу цркви и манастири. На пример: Иконостасот во Св. Петка Младо Нагоричане, Св. Троица во село Скачковце, Св. Димитрија во Сушево, Св. Јован Струмичко.

Покрај религиозни објекти, нивните дела може да се сретнат и во многу угостителски објекти и винарии, како: Тиквеш, Попова Кула, Шато Сопот, Дисан Венец, Пешкови Винарија и други.


Како најзначаен проект го издвојуваат изработката на царските двери и порталот во црквата Св.Ѓорѓија во Лазарополе. Старите дизајни биле украдени и морало да се изработат нови - идентични на старите (реставрација) . За среќа пред да бидат украдени, нивната ќерка се фотографирала со нив и од таа фотографија успеале да изработат идентични на нив.

Во 2019-та година резбарницата „Зингибер“ ги отвори вратите за туристите. Тие промовираат иновативен бизнис кој пред се служи за чување на културата и гастрономијата.

Целта на „Зингибер“ е да ги запознае посетителите со традицијата на македонската резба на посебен и уникатен начин. Проектот го предводи 30 годишното искуство на Марјан Милев заедно со Мина Милева. Туристите доаѓаат во ателјето каде има изложено поставка од резби. Овде имаат шанса да ја слушнат приказната за почетоците, да ги видат уникатните дела и лично да искусат и пробат резбње, а сето тоа исполнето со традиционални македонски специјалитети од домашно еколошко и сопствено производство. Туристите воглавно се воодушевени и импресионирани од автентичноста на она што им се нуди. Ова за нив е ново и уникатно. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во охридско кафуле, секојдневието може да ви биде на различно ниво

Тимот на Кајак.мк секогаш ги препорачува уникатните места во Македонија каде што можете вистински да уживате и да го почувствувате духот на дестинацијата.

Македонецот Оливер ја освојува Австралија со своите специјалитети

Тимот на Кајак.мк продолжува со раскажување на сите мотивирачки приказни на Македонците кои живеат во или надовр од Македонија. Нашата платформа „Macedonia Abroad“ прераснува во центар каде се испишуваат сите мотивирачки и позитивни приказни за нашите локални херои

Слободата на патување за граѓаните на Македонија | Henley Passport Index 2026

Според најновиот Henley Passport Index 2026, граѓаните на Македонија имаат пристап до околу 128-132 земји без виза. Дознајте како пасошот влијае на меѓународната мобилност, туризмот и можностите за патување.

Габриела и Предраг се македонците кои создаваат биоразградливи предмети: Предлог за подарок

Запознајте го Simple Design – малиот семеен тим на Габриела и Предраг што создава уникатни 3D декорации од одржливи материјали. Автентичност, креативност и љубов во секој производ.

Искористете го крајот на јануари за зимско патување низ Македонија

Зимско патување низ Македонија? Откријте снежни планини, ски центри и спа-викенди со kajak.mk – вашиот водич за сместување, активности и локална гастрономија.

Еден тим билдинг со 4 работилници

Еден тим билдинг со 4 работилници. Тимот на Кајак.мк е искрено среќен што официјално ја отвори 2026-та година со еден навистина успешен тим билдинг настан.