20.11.2024

Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот

Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот

На Кајак.мк има место за сите оние кои сметаме дека се дел од туризмот во Македонија. Ние постојано велиме: Колку поголема вклученост на локалците во домашниот туризам, толку подинамичен развој на истиот.

Нашата база на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот ја надополнуваме со Зоран Стојанов од Демир Капија. Човекот кој уште како млад посакувал да биде вклучен во производството на вино, а од годинава, неговиот сон да добие официјализирана винарија станува реалност.


Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа. По завршувањето на факултетот, првото негово вработување било во винарската визба, каде стекнува одлично искуство во процесо на производство на вино.

Една од причините да отпочне со производство на вино е проблемот со пласманот на винското грозје со кое се соочувала Македонија уште во 2001-ра година. На почетокот на 2004-та година набавува инокс танкови и опрема за производство на вино и веќе истата година го произведува првото вино од сортата рајнски ризлинг, со количина од околу 600 литри.


Со текот на годините Зоран го проширува производството, вметнува црвено вино од сортата Вранец, а веќе во 2023-та одлучува овој семеен бизнис да го официјалнизира и да го регистрира како мала семејна винарија. Изминатиов април 2024-та година официјално го добива решението за упис во регистарот на мали семејни винарии, под називот „Винарија Кањон“.


Семејната винарија Кањон, може да се пофали со производство на вино од сортите Вранец, Рајнски Ризлинг, Шардоне, како и купажа од сортите Рајнски Ризлинг и Вранец. Грозјето е од сопствени насади, а капацитетот на производството достигнува до 2800 литри вино, со тенденција да се зголемува.


Името на винаријата Кањон доаѓа од живописната клисура на реката Вардар која е препознатлив симбол на Демир Капија. Самиот дизајн на етикетите на шишињата асоцираат на самиот влез на кањонот на реката.

Тимот на Кајак.мк е среќен што ги пласира ваквите приказни за нови мали семејни винарии. Доколку сакате да нарачате од виното на Винарија Кањон, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро

kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.