18.11.2024
Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој
Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој
Тимот на Кајак.мк постојано истражува и ве запознава со сѐ она што е уникатно во Македонија. Наша цел е да ви докажеме дека ѝ во Македонија има прекрасни дестинации каде треба дефинитивно да престојувате.
Денеска, со сета наша радост, ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.
| Доколку сакате да резервирате кликнете ОВДЕ. |

За луѓето кои сакаат да уживаат во природата, планината, за оние кои сакаат да вкусат локална добро приготвена храна или пак сакаат да ја преселат својата канцеларија во природа, тогаш дефинитивно треба да ја посетат куќарката на планина, која нуди уникатни бунгалови за престој и разни локални специјалитети од нивната кујна.
Домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека овде може да се најде спокојот, да се наполнат батериите од напорната работна недела или пак да се побегне од градскиот хаос во текот на работната недела.

Опремените
бунгалови се иделани за престој во текот на цела недела, затоплени со централно
парно греење, пространи и светли.
Што се однесува
до ресторанот, во моментот работи за време на викенди е идеален за гости кои
сакаат да вкусат традиционална добра храна.
Од специјалитети коишто може да се вкусат во ресторанот се: Гулаш од дивеч со срнечко месо, селско во грне, питулици, качамак или бакардан, овчо сирење од Стогово кое е омилено за сите гости. Наскоро ќе започне да се служи и зимско мени од сушено домашно месо, тавче гравче, селско месо, ќофтиња и слично.

Самиот регион
нуди прекрасни планински патеки кои водат до Стогово и до Лазарополе, а самиот комплекс
нуди и АТВ мотори, вкупно 4 возила, за кои е потребно и водич за гостите кои не
им е познат теренот. АТВ турите ќе може да ги резервирате ОВДЕ.
Кога зборуваме за сместувачкиот капацитет, во моментот на располагање се 2 големи бунгалови, опремени со дневен престој, спална соба, опремни тоалети во секој бунгалов одделно. Бунгаловите имаат заеднички двор кој ви овозможува приватност, а надвор има опремено надворешна кујна која има и фурна на дрва, скара и шпорет.

Капацитeтот за сместување до двата бунгалови е за
9 лица, што може да биде идеално сместување за помали групи или компании кои
сакаат да искористат викенд на планина.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!