СУПЕР ДОМАЌИН

Уникатни бунгалови во Ехлоец: Куќаре на планина

Kichevo
Цена од:

2,500.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица со појадок за викенд е 2.500 денари
  • За деца до 12 години за викенд е 600 денари со појадок (доколку престојуваат со возрасни)
  • Цена за наем на булгалов за 4 лица преку работна недела (понеделник до петок) без појадок е 2000 денари
  • Цената може да биде повисока за празници и може да варира
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Оброци за ручек и вечера

Куќаре на планина можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добите одговор на мејл и на смс со вкупна цена. Потоа можете да потврдите резервација. Ве молиме детално прочитајте ги сите информации. Практикувајте писмени резервации бидејќи имате потврда која ви гарантира сигурност и безбедност.


Max. Capacity : 9
Beds : 7
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Изолирано
Гастрономско

Куќарето на Планина

Куќарето на Планина е новоотворен комплекс, отворен во летото 2024 година, изграден со многу љубов и посветеност.

Сместувањето е наменето за вистински љубители на планината, луѓе кои уживаат во мирот, тишината и автентичната локална храна.

Сместување

Комплексот располага со два целосно опремени бунгалови и една дополнителна соба.

Секој бунгалов содржи:

  • дневен престој
  • спална соба
  • сопствено купатило и тоалет

Во бунгаловите нема внатрешна кујна, но гостите имаат на располагање заедничка надворешна кујна со фурна, скара и шпорет.

Дополнително, достапен е и ресторан кој работи за време на викенди и служи традиционална храна.

Бунгалов 1
Дневен престој со еден кревет на развлекување (2 лица)
Спална соба со три единечни кревети

Бунгалов 2
Дневен престој со двосед (не се развлекува)
Спална соба со еден брачен кревет и кревет на спрат (2 лица)

Дополнителна соба
Сместување за 4 лица без сопствено купатило и тоалет.
Може да се користи во комбинација со бунгаловите (за поголеми групи или семејства).

Капацитет
Вкупен капацитет: 9 гости
Вкупно кревети: 7 кревети

Содржини и удобности
Wi-Fi интернет
Приватен паркинг
Простор за велосипеди
Централно греење

Чистота и одржување
За подолги престои:

  • постелнината се менува на секои 5 дена
  • пешкирите се менуваат на секои 3 дена

Check-in / Check-out
Check-in: 14:00 (можна е порано при претходен договор)
Check-out: 11:00 (можност за подоцна одјавување доколку нема нови гости)

Домашни миленици
Не е дозволен влез на домашни миленици.

Ресторан и храна
Ресторанот работи за време на викенди и нуди традиционална домашна кујна.

Специјалитети:

  • гулаш од дивеч со срнечко месо
  • селско во грне
  • питулици
  • качамак / бакардан
  • овчо сирење од Стогово

Наскоро ќе биде достапно и зимско мени со домашни специјалитети како сушено месо, тавче гравче, селско месо и ќофтиња.

Активности и околина
Регионот нуди прекрасни планински патеки кон Стогово и Лазарополе.

Во комплексот се достапни и АТВ тури со 4 возила, со водич за гостите.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Svetlana Kostadinoska

    15.07.2025 20:00

    Preubavo mesto, ambient prijaten, dobra hrana, odlično mesto za dobro pominat vikend... desetka ocena!!!!!!

  • Јасминка Стаматоска

    16.03.2025 19:59

    Рај за очи и душа. Преубави се и бунгаловите и природата и храната во ресторанот. Домаќините се многу љубезни и гостопримливи и целата атмосфера е преубава. Со две мали деца сме и се изнауживаа во дворот цел ден ❤️

  • Irena Mladenovik

    01.01.2025 17:46

    Me intrresira dali imate sloboden termin od 17.01 do 20.01, dvajca vozrasni I edno dete 10god.koja e cenata... blagodaram I srekjni praznici