НОВО

Хотел Куќа на Уметноста – Кичево, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотел Куќа на Уметноста – Кичево, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Макс. Капацитет : 80
Кревети : 80
Check In : 12:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Сместен во живописното село Кнежино, на само 6 километри од центарот на Кичево, хотелот „Куќа на Уметноста“ претставува уникатна комбинација од природа, мир и култура. На надморска височина од 960 метри, опкружен со бујна борова и костенлива шума, овој хотел е совршено место за одмор, инспирација и бегство од секојдневието.

Хотелот располага со капацитет од 80 легла, меѓу кои се и два комплетно опремени апартмани. Секоја соба има приватна бања, фен за коса, ТВ со кабловска, систем за греење, работна маса, аларм-услуга и бесплатен Wi-Fi.

Домашни миленици не се дозволени.

Во рамките на хотелот се наоѓа ресторан со широк избор на традиционални и современи јадења, десерти и пијалоци, погоден за деловни ручеци и приватни прослави во текот на целата година.

На располагање има и лоби-галерија со уметнички дела, фитнес сала, ТВ-салон, конференциски простории и тераса со поглед кон шумата.

Хотелот нуди 24-часовна рецепција, сопствен паркинг и одлична инфраструктура за организирање семинари, работилници, банкет и културни настани.

Check-in: 12:00
Check-out: 10:00 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување