16.12.2024
За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци
За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци
Дали некој од вас слушнал за село Плешенци или Плешанци во околината на Пробиштип? Претпоставуваме оние коишто се од тој крај на Македонија слушнале, а останатите за првпат се запознаваат со овој поим.

Фото:
Без разлика дали го знаевте селото или првпат го запознавате, на сите би ви била интересна и уникатна веста дека токму во ова селце се отвори нов уникатен комплекс наречен „Комитски Конак“ кој својот ентериер, уредување и концепт го посветува на комитската приказна и на македонската историја.
| Конакот има соби со џакузи и сауна, за резервација кликнете ОВДЕ. |
Среќни сме што Кајак.мк ви отвара уште една селска дестинација која мора да ја посетите, да го истражете пределот и да уживате во уникатноста на просториите на конакот.

Самиот конак располага со свој ресторан, соба со билјард, фитнес клуб и конференциска сала со капацитет за 30 гости. Конакот има апартмани со џакузи и сауна, а самиот регион во кој се наоѓа конакот ви нуди доста локални атракции за посета како што се Манастирот Св. Петка, Манастирот Св. Гаврил Лесновски, есерото Кнежево, а да не заборавиме да потенцираме дека самиот предел претставува природна воздушна бања и регион со мирна и чиста рурална средина.

За оние кои ќе сакаат да истражуваат повеќе, треба да имаат на ум дека во близина се Лесново и Кратово, како интересни туристички дестинации за еднодневна посета. Повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!