Комитски конак во село Плешанци: Соби со билјард, џакузи и сауна

Probistip
Цена од:

1,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • 1.500 по лице за стандардна соба (без џакузи и сауна)
  • 1.700 по лице за стандарден апартман (без џакузи и сауна)
  • 2.500 по лице за апартман со џакузи и сауна
  • Цените се со вклучен доручек
  • За деца до 10 години не се доплаќа
  • Цената за празници (како Нова Година) може да биде повисока
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Ручек
  • Вечера

Комитски конак во Плешанци можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте го терминот кој сакате да го резервирате и очекувајте одговор на мејл и на смс. По добиениот одговор со вкупна цена можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините


Макс. Капацитет : 17
Кревети : 17
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

За оние друштва кои сакаат уникатни сместувања, овде е новиот комитски конак во село Плешанци, кој е опремен со ресторан, билјард, соба со џакузи и сауна.

Комплексот располага со 7 соби за сместување. Дополнително, располага со Соба со билјард, фитнес клуб и Конференциска сала со капацитет од 30 гости.

Два се апартмани со сауна и џакузи, останатите се стандард апартмани и соби.

Само дел од собите се со кујна.

Сместувањето има Wi-Fi.

Сместувањето има приватен паркинг.

Максимален капацитет на гости е за 17 лица.

Сместувањето се наоѓа во природна рурална средина, воздушна бања.

Во околината се наоѓа манстир Св. Петка, Манастир Св.Гаврил Лесновски, езеро Кнежево

Сместувањето се наоѓа во мирна, чиста, рурална средина.

Соседството е мирно со локални мештани.

Check in: 14:00 часот (Во било кое време со навремена резервација доколку е слободно)

Check out: 12:00 часот

Клучот гостите го добиваат на рецепција

Пешкирите и постелнината се менуваат на дневна основа.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Вкупен број на кревети: 17 кревети.

Греење/Ладење: Целиот објект е климатизиран.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување