18.11.2024
Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции
Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции
На почетокот на месец ноември ви споменавме дека на платформата на Кајак.мк ќе ви раскажеме над 20 нови приказни за како што ги нарекуваме, нашите локални херои кои создаваат мали нешта од огромно значење во развојот на гастро-туризмот.
Денеска нашиот
караван пристигнува во Пробиштип, каде во околината на недопрената природа
своите приколки со пчелни сандаци Ненад ги преуредува за нова сезона и нови натамошни
активности.
Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неуморно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.

За Medlex, Ненад вели дека е фамилијарен бизнис кој неговиот татоко го започнал пред цели 30 години. Ненад уште од мали нозе е заедно со пчелите и низ годините го учи и усовршува занаетот, за како што вели да помогне да се изгради во еден познат македонски бренд.

Она што можеби го прави нивниот „меден занает“ уникатен е фактот дека тие се занимават со номадско пчеларство. Покрај нивните базни станици во околината на Пробиштип, тие пчеларат и на повеќе локации низ Осоговските планини со акцент на областа Кнежево.

Со комплетна опрема и транспортери креирани да пренесуваат сандаци, нивната сезона започнува од рана пролет со појавата на вегетацијата во својот крај. Пролетта ја започнуваат од околните села на помала надморска височина каде вегетацијата почнува порано, па се до Кнежево кое е на надморска височина од 1100 метри и каде што се собира чист планински мед.

Солидната бројка на пчели им овозможува да создаваат ливадски и планински мед, имуно мед за кој Ненад вели дека им е доста популарен за продажба. Освен мед, произведуваат и други пчелни производи, како прополис, полен, саќе, матична млеч и перга, а произведуваат и свеќи од природен восок.

Ненад се стреми брендот Medlex да препрасне во домашен познат бред кој произведува и продава 100% природни домашни производи. Производите на Меделекс наскоро ќе може да се купат преку нашата бакалница, а дотогаш можете да стапите во контакт со Ненад со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.