11.11.2024

Произведувам путер од афион: Љубов од детството која сакав да ја реализирам на дело

Произведувам путер од афион: Љубов од детството која сакав да ја реализирам на дело

Путер, масло, протеин и сапуни од афион се само дел од производите кои радовишанецот Робер денеска ги произведува и продава во Македонија.


Тимот на Кајак.мк ќе го посвети месец ноември на нови 20 локални херои кои своето време го посветуваат во производство на локална храна за која ви гарантираме дека досега не сте ја вкусиле. Секое наше четиво ќе го започнеме со реченицата: Македонија има многу од храна, за која ретко кој знае.

Таква храна е дефинитивно храната на Роберт, човекот кој изминатите години од животот ги посветува на преработка на семе од афион во уникатни специјалитети.


Со афионот е растен уште како дете, неговиот живот започнува во Радовиш на нивите преполни со афион кои неговото семејство ги одгледува, а вели дека се уште ги чува старите направи на кои неговите баба и дедо ‘кцале семе од афион. Направата тој ја нарекува „Дибек за ‘кцање афион“, која сега му претставува водилка кон една нова успешна гастрономска приказна.

Љубовта кон афионот ја добива во седумдесеттите години кога имал прилика да го научи занаетот, но денеска истата таа љубов, прераснува во еден бренд за кое производство се користи современа технологија при преработка на семето од афион. Во производството е заедно со неговиот син, на кој успеал да му го пренесе занаетот.


Веќе втора година по ред, Роберт врши едукација на неговите муштерии кои ги купуваат производите, се со цел да им ја укаже здравствената придобивка од маслото, путерот, протеинот и сапунот од афион.

За путерот од афион, Роберт вели дека е предобро да ви започне денот со една лажичка чист и природен путер без никаква мешавина. Самиот тој додава дека секој заинтересиран може да присуствува во процесот на производство на путерот и да биде сведок за здравите состојки кои се користат при производство, како и чистотата на природните намирници кои ги соодржат производите.


Неговата работилница се наоѓа во скопско Радишани, каде меѓу другото, Роберт е љубител и колекционер на разни историски предмети, што му даваат еден поиканов изглед да целиот просотор.

Продажбата на производите се врши со достава, а во иднина ќе бидат достапни и во бакалницата на Кајак.мк.

Остави Коментар

Коментари

  • Sofce Panova

    29.03.2025 23:37

    Kade moze da se kupi puterot od agilen i masloto ?

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!