19.11.2024

Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија

Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија

Ноември е месец кога ќе прочитате многу гастро приказни на Кајак.мк. Нашата база со локални херои кои создаваат мали нешта од огромно значење во развојот на гастро туризмот ја надополнуваме со Ѓорѓи Тошев, човекот кој од професија учител со магистратура по педагошки науки, одлучува животна приказна да ја продожи во своја продавница и работилница каде ќе произведува вкусни свежи тестенини, за кои велиме дека го имаат вкусот на Македонија.


Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.

Зошто е тоа така? Продолжете да ја читате приказната за да дознаете.

Ѓорѓи вели дека низ годините менувал разни професии, работел како учител, а потоа и во невладини професии. Со минувањето на годините, се повеќе размислувал да започне со реализација на идејата за производство на тестенини.


Како мал се сеќава дека сакал да им помага на неговата мајка и баба во подготовката на битолските кори. Рецептот го научил од нив, а со тек на време добивал идеи за како да го збогати и развесели вкусот на тестенината која тој ќе ја произведе.


„Од огромна поддршка во започнувањето на еден нов бизнис во производство на тестенини беше мојата сопруга Наташа“, вели Ѓорѓи, заедно со неа направивме работилница за изработка на тестенини по рецептот од мојата баба, а сега истиот тој рецепт го надополнувам со разни вкусови во кои уживаат купувачите, додава тој.


Секој има своја мерка за домашни тестенини, така и Ѓорѓи. Тој одлучил да се задржи на рецептот на неговите претци за да се задржи вкусот на домашните тестенини. Покрај класичниот рецепт, тој додава разни вкусови во самата изработка на тестото. Ние во Кајак.мк, ваквите комбинации ги нарековме „вкусовите на Македонија“ бидејќи во неговата продавница ќе најдете тестенини со вкус на куркума, лук, црвен пипер, вргањ и блитва, нешто кое расте на наша почва.


Го запрашавме кои тестенини му се омилени, а тој без размислување ни ги потенцираше тестенините со лук, додека пак неговата сопруга ги обожава тестенините со вргањ, за кои вели дека најмногу се трошат.

Ѓорѓи вели дека работата во производство на тестенини го исполнува. За време на викенди оди во битолската чаршија и на пазар каде комуницира со разни луѓе и редовни муштерии кои веќе го препознаваат по своите производи. Покрај фактот што неговиот бизнис „Паста Делициа“ е претежно млад, Ѓорѓи вели дека досега успеал да направи среќни многу муштерии, а особено децата кои сакаат тестенини.

Тестенините на Ѓорѓи можете да ги нарачате преку бакалницата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?