28.11.2024

Кајак.мк засади нови 1050 дрвца во општина Неготино

Кајак.мк засади нови 1050 дрвца во општина Неготино

Платформата на Кајак.мк донираше и засади нови 1050 дрвца во општина Неготино.

Со секоја успешна онлајн резервација и уплата преку Кајак.мк, платформата донира и сади по едно дрвце, а акцијата беше резултат на реализираните онлајн резервации во изминатиот период. Причина повеќе зошто треба да резервирате сместувања во Македонија и регионот преку Кајак.мк


Целта на ваквите акции е да ги поттикнеме патувачите да размислуваат еколошки одговорно. Со самото плаќање на резервацијата преку платформата на Кајак.мк, не само што се донира по едно дрвце за пошумување, туку се плаќа данок дирекно во буџетот на Македонија, ви се гарантира сигурност и безбедност при патувањето и престојот.


Плаќањето на резервации преку интернет во моментот важи за еден од најеколошките начини на купување. Бидејќи заштедувате време, гориво, хартија и енергија. Пошумувањето го реализиравме заедно со комуналното претпријатие при Општина Неготино, кои често се вклучуваат во ваквите акции и кои велат дека колку повеќе дрвца, толку поубава општина.

Нашите акции за пошумување ќе продолжат во текот на наредните денови и на други локации со други видови дрвца.

Остави Коментар

Коментари

  • Simona Andonoska

    28.11.2024 16:23

    Денеска оваа објава ми донесе голема радос во моето срце❤️ Браво за идеата

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.