22.11.2024

Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки

Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки

Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.

На почетокот на месецот ви споменавме дека ноември ќе го посветиме во промоција на нови локални херои кои произведуваат мали нешта од огромно значење за развојот на гастор-туризмот во Македонија.

Жената која го заслужува вашето внимание е Гуна Маркова од Валандово. Таа повеќе 15 години активно одгледува локални растенија и ги преработува во вкусни специјалитети кои го промовираат Валанодово на разни саеми ширум државата. За Кајак.мк, Гуна е новата локална хероина која заслужува да биде вклучена во секоја туристичка приказна на валандовскиот регион.


Гуна вели дека со производство на домашна храна се занимава повеќе од 15 години. Започнала со продажба на храна на клучната раскрсница Валандово-Дојран-Струмица, каде и денеска може да забележите голем број тезги на валандовчани кои нудат локална храна. Со тек на време квалитетот на Гуна допира и до Скопје, а денеска, нејзината приказна заедно со нејзините производи може да се сретне на многу саеми за традиционална и локална храна ширум Македонија.


Приказната и започнува со производство на слатко од диви смокви, за кои има добиено многу признанија. Напорен процес за производство, но слатко за душа, вели Гуна.

Денес може да се пофали со разни специјалитети како слатко од рендана тиква и дуња, оцет од калинка, домашен ајвар и лутеница, а како уникатен производ кој таа го произведува е слаткото од лути пиперки.


Слаткото има спефицичен благо-лут вкус. Се произведува од „пиперови“ пиперки кои самата ги сади и одгледува. Токму ваквите пиперки кои растат под валандовско поднебје го прават уникатен вкусот на благо-лутиот десерт.

Гуна вели дека слаткото може да се комбинира со разни сирења, а се додава и во подготовка на месни специјалитети.

Бавчата и кујната се примарната работа на Гуна повеќе од 15 години. Таа вели дека работата ја исполнува и ја прави среќна кога ќе слушне комплименти од своите муштерии. Среќна е што нејзините производи се нарачуваат насекаде низ Македонија, а ние во Кајак.мк сме среќни што ќе успееме да ве поврзиме со Гуна. Доколку сакате да нарачате некои од нејзините производи, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?