13.11.2024

Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер

Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер

Тимот на Кајак.мк ќе го започне четивото со реченицата: Македонија има многу од храна за која мал процент од населението слушнало.

Целта од постоењето на платформата на Кајак.мк е да ве запознае со сите локални херои кои создаваат мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија, баш онаков како што треба да биде.

Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.

Жената која својот живот го посветува во зачувувањето и негувањето на традиционалниот начин на одгледување и производство на домашен македонски пипер е Даниела Мандровска.

Дали можеби и вие познавате некој ваш близок кој произведува локална храна? Доколку ДА, тогаш контактирајте веднаш со Кајак.мк за да направиме добра промоција. Промоциите за локалците се целосно бесплатно. Кликнете ОВДЕ.


Даниела живее во село Буково во самото подножје на Пелистер. Таа е сопруга, мајка на две ќерки и производител на буковска пипер- зачин кој полека го освојува светот.


Даниела вели дека со производството на буковска пипер се занимава долги години, тоа за неа е семејно наследство кое се произведувало во нејзиното семејство многу години, а во ниту еден наврат не помислила да ја прекине оваа традиција, туку напротив, со гордост да ја продолжи.


Приказната за буковка-пипер се испишува на 750 метри надморска височина во атарот на село Буково, каде таа заедно со својата фамилија одгледуваат пиперки од посебно природно буковско семе, кое семе е автентично и успева само во Буково. Во одгледувањето на пиперката, Даниела вели дека не користат никакви машини и дека обработката е рачна, бавна и природна со посебни алатки.

Од истите тие природни пиперки, произведуваат Буковска толчена пипер- лута и обична, буковски црвен пипер, а овде е и буковското нане.


За секој уникатен вкус потребно е време и трпение, Даниела вели дека процесот од нива до трпеза трае скоро половина година.

Започнуват со пролетното садење во леи, потоа мајско расадување на израснатите растенија во нивите. Одгледувањето е клучниот сегмент на кој мора да се посвети многу љубов и внимание, пиперките бараат постојано обработување на почвата, наводнување, како и контрола. Бербата започнува со првата црвена пиперка во месец август.


Откако ќе се оберат пиперките, следува нивно нижење и отпочнување на процесот на сушење на отворено се додека е уште топло. Со надоаѓањето на есенските дождови, полуисушените пиперки се пренесуваат во мали затоплени простории во кои има мала печка што достигува температура и до 80 степени. Ваквите простории се нарекуваат сушарници и се последната фаза од сушењето на пиперките, за потоа истите тие да се „грушат“ и да се истолчат во дрвено кутле со ќускија, вели Даниела.

Ваквите уникатни производи кои ги произведува Даниела може да се нарачат дирекно на телефонскиот број, а наскоро ќе бидар достани и во бакалницата на Кајак.мк
+38976984016

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?