13.12.2024

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Почитувани патувачи, тимот на Кајак.мк сака да ве извести дека сместувањата во Крушево добија уште една сериозна конкуренција. Од 15-ти декември ги отвораат вратите за нови гости!

Погледнете ги слободните термини на куќичка 1 со еден клик ОВДЕ.
Погледнете ги слободните термини на куќичка 2 со еден клик ОВДЕ.

Станува збор за две куќички кои како што домаќините ги нарекуваат се наоѓаат на Врвот од Балканот, а точната локација гостите ја добиваат откако ќе извршат и потврдат резервација, бидејќи честопати се случува да пристигнат гости кои не резервирале и да ги вознемируваат гостите кои веќе престојуваат таму. Затоа да бидеме туристи со времето и како што е редот, прво резервирајте и потврдете, а потоа патувајте.


Една куќичка има простор од 70 метри квадратни и располага со 2 спални соби од кои едната е со брачен кревет, а другата е со два единечни кревети. Дневниот простор е од 40 метри квадратни и има кревет на развлекување каде може да спијат уште 2 лица.


Секоја куќичка е опремена со купатило и тоалет, кујна, тв и wi-fi, паркинг, две тераси за уживање, греење и ладење, а резервации се вршат на минумум 2 ноќевања.

Повеќе информации за куќичките, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.