Дрвенa планинскa куќичкa во Крушево број 1
6,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на куќичка за едно ноќевање до 6 лица е 100 евра од ноќ
- Цената за наем на куќичката за едно ноќевање до 4 лица е 80 евра од ноќ
- Куќичките се изнајмуваат на минум 2 ноќевања (ве молиме не праќајте барања за едно ноќевање)
- За резервација се плаќа депозит, а доплатата се врши на 7 дена пред пристигнување
- Цената за празници и продолжени викенди може да биде повисока
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Дрвените крушевски конаци се достапни за резервации. За да резервирате потребно е да селектирате термин на календарот и да испратите барање. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена на ваш мејл и на смс, по што можете да потврдите резервација. Бидејќи се нови и актуелни можно е да бидат брзо резервирани, па доколку датумите не може да се селектираат тоа значи дека се веќе зафатени. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Станува збор за две куќички кои како што домаќините ги нарекуваат се наоѓаат на Врвот од Балканот, а точната локација гостите ја добиваат откако ќе извршат и потврдат резервација, бидејќи честопати се случува да пристигнат гости кои не резервирале и да ги вознемируваат гостите кои веќе престојуваат таму. Затоа да бидеме туристи со времето и како што е редот, прво резервирајте и потврдете, а потоа патувајте. Ориентациона локација можете да погледнете најдоле на самата мапа.
Една куќичка има
простор од 70 метри квадратни и располага со 2 спални соби од кои едната е со
брачен кревет, а другата е со два единечни кревети.
Дневниот простор
е од 40 метри квадратни и има кревет на развлекување каде може да спијат уште 2
лица.
Секоја куќичка е
опремена со купатило и тоалет, кујна, тв и wi-fi, паркинг, две тераси за уживање, греење и ладење, а
резервации се вршат на минумум 2 ноќевања.
Куќичките имаат
целосно опремени кујни со фрижидер, фурни и плотни.
Има приватен
паркинг и се стигна со возило до самите куќички.
Капацитет од куќичка
е максимум 6 лица во една.
Во близина се
наоѓа споменикот Македониум, спомен куќата на Тоше Проески, тениски и фудбалкси
терени, ранч со коњи.
Сместувањето се
наоѓа во шумска област.
Нема соседство и
е доста спокојно.
Check in: 13:00 часот
Check out: 10:00 часот
Клучот се подига
од домаќините.
Постелнината и пешкирите
се менуваат во завинсот од бројот на денови, доколку гостите останат подолго од
три дена, на секој трет ден.
Сместувањето не
дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има
простор за остава на велосипеди.
Вкупен број на
кревети: 4 кревети.
Греење: Стуја во цела куќичка.
ВАЖНО: За резервација се плаќа депозит, а доплатата се врши на 7 дена пред пристигнување
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
IVICA KRSTEVSKI
16.12.2024 15:15
Сакам да направам резервација веднаш. 078244536
-
Ava Huseini
13.12.2024 13:13
13-15ти јануари За двајца