13.12.2024

Нова планинска куќа во село П’клиште

Нова планинска куќа во село П’клиште

Доколку сте поголемо друштво авантуристи и барате сместување во кое ќе можете да се дружите сите заедно, тимот на Кајак.мк е среќен да ве извести дека од денеска на нашата платформа е достапна новата планинска куќа во село П’клиште во оштина Ранковце, на надморска височина од околу 1300 метри.

За да резервирате кликнете ОВДЕ.


Фото: Petrovskyz 

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Сместувањето има вкупно 26 кревети за ноќевање, распоредени во 10 соби, од кои 7 соби со по два кревети и 3 соби со по четири кревети. Сместувањето дозволува влез на домашни миленици, собите се загреваат на шпорет на дрва и греалки.


Целиот предел е планински, што ви овозможува да уживате истражувајќи го регионот. Овде можете да го посетите водопадот Длабочица, селото Герман, како и грамот на Цета Тројца.


Фото: Petrovskyz 
Маркет имате во Ранковце, кој е попатно при патување кон сместувањето, а е оддалечено на 20 минути со автомобил.

Повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?