Кајак.мк ќе го искористи целиот свој потенцијал со информации и контакти од базата на локалното население кое може на било каков начин да им помогне на лицата кои имаат полесни или посериозни повреди од пожарот кој избувна во Кочани. Ги повикуваме сите наши ЛОКАЛНИ ХЕРОИ, за кои низ годините наназад сме пишувале и сме ги промовирале, а кои сметаат дека може на било каков начин да бидат во корист за децата што се затекнале во пожарот, да ги облечат своите наметки и да пружат било какви бесплатни добра или услуги!