Истражи ја Галичица на целодневен разглед од Скопје
Истражи ја Галичица на целодневен разглед од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Охрид-Скопје)
- Локален претставник
- Лиценциран туристички водич
- Лиценциран планински водич за Националниот Парк Галичица
- Влезница за Националниот Парк Галичица
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Галичица.
Планина која се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместена помеѓу Охридското и Преспанското Езеро.
Особено популарна дестинација за планинарење, љубителите на природата и оние кои се заинтересирани за културното наследство.
Националниот парк Галичица, кој го опфаќа поголемиот дел од планината, е дом на разноврсна флора и фауна, вклучувајќи многу ендемски видови. Паркот нуди импресивни погледи на двете езера и е богат со историја, со неколку манастири и археолошки локалитети расфрлани низ регионот.
Познати атракции се:
Планинска куќа Шарбојца – Асанџура, Галичица
Место за кампирање во дивина “Шарбојца”
Излетничкото место “Корита”
Видиковецот “Лескоски Уши”
Куќа за набљудување на птици – Стењско блато
Врв Магаро
Локви и извори
По пристигнувањето во Охрид ќе не пречека локален планинарски водич кој ќе не води низ Националниот Парк Галичица и сите познати атракции кои би можеле да ги посетиме во еден ден.
Наша препорака е да бидете облечени во планинарска опрема, затоа што оваа тура е повеќе пешачка.
По целодневниот разглед нашата тура ќе заврши во селото Рамне со традиционален македонски ручек.
Се враќаме назад кон Скопје во приквечерните часеви.
ЛОКАЦИЈА