НОВО

Летај над Охридското Езеро – Уникатно водено адреналинско искуство

Ohrid Цена од:

5,845.00 ден

Летај над Охридското Езеро и доживеј уникатно водено адреналинско искуство. Приватна 1-на-1 обука, професионален инструктор и комплетна опрема.


Вклучено во цена:

  • First Flight Experience – 95 €
  • 45-минутна приватна 1-на-1 сесија
  • Pro Session – 170 €
  • 75-минутна приватна 1-на-1 сесија
  • Приватна 1-на-1 обука со инструктор
  • Користење на eFoil даска и комплетна опрема
  • Заштитна опрема
  • Обезбедена обука и инструктажa пред влез во вода
  • Практична обука во вода
  • Прилагодување на обуката според нивото и искуството на учесникот

Не е вклучено во цена:

  • Превоз до и од локацијата
  • Храна и пијалаци
  • Дополнителни услуги и активности кои не се наведени во понудата
  • Лични трошоци на учесниците

eFoil школа – летај над водата на Охридското Езеро

Испробај едно од највозбудливите нови водени искуства во Охрид и почувствувај како е да „леташ“ над површината на Охридското Езеро.

eFoil е електрична даска со подводен хидрофоил кој постепено ја подига даската над водата, создавајќи чувство на летање, тивко движење и неверојатна слобода. Активноста е погодна и за почетници, а целото искуство се одвива со професионална 1-на-1 инструкција и соодветна заштитна опрема.

Приватна 1-на-1 eFoil обука

Обуката е индивидуална и прилагодена на вашето ниво, што овозможува полесно совладување на основите и постепено запознавање со eFoil даската.

First Flight Experience

Идеален избор за прво eFoil искуство во Охрид и за сите кои сакаат за првпат да го почувствуваат возбудливото чувство на движење над вода.

Сесијата вклучува:

  • 15 минути обука и подготовка на копно
  • 30 минути практична обука во вода
  • индивидуално насочување од инструктор
  • користење на eFoil опрема
  • заштитна опрема

Pro Session

Подолга индивидуална сесија за оние кои сакаат повеќе време на вода, подобра контрола и можност дополнително да ги усовршат техниката, балансот и возењето.

Сесијата вклучува:

  • 15 минути подготовка и инструктажа на копно
  • 60 минути практична обука во вода
  • индивидуално водство од инструктор
  • eFoil опрема
  • заштитна опрема

Зошто да пробате eFoil во Охрид?

Охридското Езеро е совршена сцена за едно поинакво водено искуство. Наместо класични активности на вода, eFoil ви овозможува да се издигнете над површината и да го доживеете езерото од сосема нова перспектива.

Ова е одлична активност за:

  • прво eFoil искуство
  • авантуристи и љубители на адреналин
  • активен одмор во Охрид
  • уникатно туристичко искуство
  • парови, пријатели и индивидуални посетители
  • сите кои сакаат да пробаат модерен воден спорт

Подготви се за нов начин на движење по вода – eFoil во Охрид.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар