АТВ во Љубаништа
3,600.00 ден
Цените се со вклучени ланч пакети и пијалоци. Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.
Вклучено во цена:
- 3.600 денари за едно лице или 4.600 денари за две лица на едно АТV возило
- Цената за 4 часовна тура се движи од: 9.540 денари за едно лице или 10.500 денари за две лица на едно АТV возило.
- Цените се со вклучени ланч пакети и пијалоци.
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до појдовната локација
Нови АТВ тури во Охрид – авантура низ планинските предели на Љубаништа
За сите оние кои сè уште размислуваат како да го збогатат својот престој во Охрид, новите АТВ тури со флота од 9 возила се одлична можност за поинакво доживување на природните убавини на регионот.
Локација и почетна точка
Почетната локација на турите се наоѓа на главниот пат во селото Љубаништа, непосредно пред исклучувањето кон кампот Љубаништа.
Рута и знаменитости
Турите започнуваат од картинг патеката и продолжуваат по планинскиот пат кон караулата „Св. Илија“, по што се продолжува кон манастирот „Св. Атанасиј“.
Во текот на возењето, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат седумте извори на реката Црн Дрим и да ја посетат црквата „Св. Богородица“.
Подолга АТВ авантура
За љубителите на подолги авантури, достапна е и тура во времетраење од околу четири часа, која води до коритата на Галичица и планинската куќа на Црвениот крст.
Ова е одлична можност Охрид и неговата околина да се доживеат од поинаква перспектива, низ планински патишта, природни предели и интересни локалитети.
ЛОКАЦИЈА