Истражи ја Трпејца - Охрид, Македонија (целодневна тура од Скопје)

Истражи ја Трпејца - Охрид, Македонија (целодневна тура од Скопје). Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-200 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер
  • Локален претставник
  • Лиценциран туристички водич
  • Ручек
  • Тура до црквата Св.Богородица Захумска - Заум

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Трпејца.

Рибарско село на брегот на Охридското езеро.

Селото е ридско на надморска височина од 710 метри. Одалечено е 25км од градот Охрид, а низ него минува патот Охрид-Св.Наум.

Трпејца е многу старо село со богата историја.

Во Трпејца има многу да се види.

Од археолошки локалитети, цркви, манастири, посета на локалци, пештери, природни реткости.

Црквата Св.Богородица Захумска или само Заум е средновековна црква, во непосредна близина, до која се стигнува само по воден пат.

Турата почнува во утринските часеви, а завршува во попладневните часеви со ручек и уживање во зајдисонцето со чаша вино.

Доколку се реализира од Скопје се поаѓа во утринските часеви, а се враќаме назад кон Скопје во попладневните часеви.

Доколку се реализира од Охрид почнуваме на пладне а завршуваме во приквечерните часеви по зајдисонце.

Турата е целодневна.

Постои опција Трпејца да биде приклучена на некоја од нашите тури за разглед на Охрид и Струга.

Испратете ни ги вашите барања на [email protected] а ние ќе се погрижиме да добиете уникатно искуство и приказна.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар