Јавање коњи во Скопје

Коњички клуб Процес во Скопје


Вклучено во цена:

  • За конкретна цена и понуда контактирајте го клубот

Школо за јавање

Обуката на деца и возрасни e доверена на школувани инструктори со повеќегодишно искуство. За време на обуката корисниците стекнуваат основни знаења за коњите, јавањето и сите придобивки од овој спорт.

Рекреативно јавање

Јавањето само по себе е релаксирачка активност поради природниот ритам на движење на коњот. Движењето на коњот може да имат ефект на масажа што ја подобрува циркулацијата и го опушта јавачот. Овој смирувачки ефект е дополнително зајакнат додека јавачот поминува време надвор и вежба; и двете придонесуваат да се ослободите од стрес. Сето ова може да го искусите со рекреативното јавање.

Тренинзи за напредни јавачи

Јавачите со претходно стекнато искуство во јавање може да го надградуваат веќе стекнатото знаење и дополнително да работат на основите на дресурното јавање и препонското јавање.

Тренинзи за спортисти

Клубот за коњички спортови Процес е еден од најстарите и најуспешните клубови во нашава земја. Во текот на годините, клубот има создадено десетици значајни натпреварувачи од сите возрасни групи во дисциплината прескокнување пречки.

Сместување на коњи

Во рамките на своето функционирање, клубот овозможува шталско сместување на коњите, нивна исхрана и нега. На располагање се терени за јавање, тренинг и натпреварување, како и сета придружна опрема за изведување на истите.

Прослави со уникатни доживувања

Ако сакате поинакво и незаборавно искуство во прославувањето на вашата посебна пригода, без разлика дали тоа е роденденска забава, моминска или ергенска забава, или каква било пригода за прослава, клубот нуди можност за организирање на прослави со јавање и прошетки во природа со коњи погодни за деца и возрасни. Располагаме со двор, места за седење, тревник, маси, столчиња, сенка, зеленило, тоалети и чајна кујна.

 

Коњичкиот клуб Процес се наоѓа во Скопје, во населбата Маџари, веднаш до полициската станица за дресура на кучиња. Во Скопје сте, а сепак во природа. Далеку од градската врева и на чист воздух преовладува чувството дека сте на излет. Со пребарување на google maps, доволно е да напишете коњички клуб процес или horse club proces и ќе ја добиете точната локација. Информации за клубот може да се добијат на www.proces.mk. За закажување посета или термини за јавање може да ни се обратите на 077 600 666 или да ни пишете на email: [email protected]. Може да не следите на социјалните мрежи Instagram и Facebook.

Остави Коментар