Креативна вечер во Скопје – Draw Me If You Can, сликање портрети со вино, музика и забава
1,200.00 ден
Креативна вечер во Скопје – Draw Me If You Can, сликање портрети со вино, музика и забава. Доколку сакате да резервирате вакво полудневно искуство, потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира, откако ќе испратите барање ќе добиете одговор по писмен пат со вкупна цена. Откако ќе добиете понуда ќе можете да резервирате.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 1.200 денари.
- Што е вклучено во цената?
- Двочасовна креативна работилница за сликање портрети.
- Менторство од академски сликар.
- Акрилни бои, четки и платно.
- Заштитни кецели за учесниците.
- Пијалок по избор: вино, пиво или сок.
- Музика и организирана уметничка активност.
- Готовата слика, која секој учесник ја носи со себе.
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Работилниците се одржуваат само за викенд во Тафталиџе, Скопје. Откако ќе резервирате ќе ја добиете точната адреса за приватниоте евенти.
Дали некогаш сте се запрашале како би изгледале на слика
нацртана од вашиот партнер или најдобар пријател?
Draw Me If You Can во Скопје е забавна уметничка
работилница во која учесниците се обидуваат да ги насликаат луѓето со кои
дошле, создавајќи необични портрети, смешни карикатури и незаборавни спомени.
Наместо класично излегување, оваа креативна вечер ви
овозможува да поминете два часа исполнети со сликање, музика, разговори и многу
смеа.
Не е потребно претходно искуство во цртање. Целта не е да
создадете совршен портрет, туку да се опуштите, да експериментирате со боите и
да откриете како другите ве гледаат низ уметноста.
За време на работилницата можете да уживате и во пијалок по
избор – вино, пиво или сок.
Искуството е одличен избор за парови, пријатели, роденденски
прослави, годишнини, момински забави и мали корпоративни тим-билдинг настани.
Како изгледа Draw Me If You Can работилницата?
1. Запознавање со уметничкиот предизвик
На почетокот учесниците добиваат насоки за користење на
боите, четките и платното.
Работилницата се одржува под менторство на Елена Галика,
академски сликар и магистер по ликовни уметности, која им помага на
учесниците во текот на креативниот процес.
2. Сликање на партнерот или пријателот
Главната задача е секој да го наслика лицето со кое дошол.
Можете да се обидете да направите реалистичен портрет или да
ја искористите имагинацијата за необична и смешна карикатура.
Уметничкиот талент не е пресуден – најинтересниот дел е како
секој учесник го претставува својот партнер на платно.
3. Музика, пијалок и дружење
Додека сликате, можете да разговарате, да се смеете и да
уживате во опуштена атмосфера со музика и пијалок по желба.
4. Откривање на готовите портрети
На крајот од работилницата учесниците ги претставуваат
своите слики и ги споредуваат резултатите.
Секој ја задржува својата изработена слика како спомен од
доживувањето.
Цени за Draw Me If You Can во Скопје
|
Број на учесници |
Вкупна цена |
|
Работилница за 2 лица |
2.400 ден. |
|
Работилница за 4 лица |
4.800 ден. |
|
Работилница за 6 лица |
7.200 ден. |
|
Работилница за 8 лица |
9.600 ден. |
|
Работилница за 10 лица |
12.000 ден. |
|
Работилница за 12 лица |
14.400 ден. |
|
Работилница за 14 лица |
16.800 ден. |
Цена по лице: 1.200 денари.
Што е вклучено во цената?
- Двочасовна
креативна работилница за сликање портрети.
- Менторство
од академски сликар.
- Акрилни
бои, четки и платно.
- Заштитни
кецели за учесниците.
- Пијалок
по избор: вино, пиво или сок.
- Музика
и организирана уметничка активност.
- Готовата
слика, која секој учесник ја носи со себе.
Сите потребни материјали се обезбедени од организаторот.
Приватна креативна вечер и корпоративен тим-билдинг
За групи од 8 до 14 лица постои можност за
организирање посебна работилница во термин договорен однапред.
Оваа опција е погодна за роденденски прослави, приватни
дружби, момински забави и тим-билдинг активности за компании.
Локација и услови за резервација
Локација: Скопје, Македонија.
Времетраење: 2 часа.
Возраст: Само за лица над 18 години.
Редовни настани: Еднаш месечно, во сабота, од 19:00
до 21:00 часот, според распоредот на организаторот.
Приватни настани: За групи од 8 до 14 лица, со
можност за посебен термин по договор.
Максимален капацитет: 14 учесници.
Резервација: Најмалку 7 дена однапред.
Промена или откажување: Најмалку 3 дена пред
резервираниот термин.
Претходно искуство: Не е потребно познавање на
сликарски техники.
Број на учесници: Работилницата е замислена за
учество во парови, односно со партнер или пријател.
Препорака: Облечете удобна облека. Иако се обезбедени
заштитни кецели, за време на сликањето се користат акрилни бои.
Резервирајте Draw Me If You Can во Скопје преку Кајак.мк
Заменете го вообичаеното излегување со креативна вечер
исполнета со уметност, смеа и дружење.
Дојдете со партнерот, најдобриот пријател или целото друштво
и проверете колку добро можете да се насликате едни со други.
Изберете го бројот на учесници и испратете барање за
резервација преку Кајак.мк.
Резервирајте Draw Me If You Can во Скопје и создадете
заеднички спомени преку сликање, музика и забава!
ЛОКАЦИЈА