НОВО

Еднодневна тура до Маврово од Скопје

Еднодневна тура до Маврово од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-130 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Маврово-Скопје)
  • Посета на Национален парк Маврово
  • Посета на Шаркова дупка
  • Посета на манастирот Св.Јован Бигорски

Не е вклучено во цена:

  • Ручек (опција да биде додаден во цената)
  • Пијалоци
  • Лични трошоци

Поаѓање од Скопје во утринските часеви, на договорена локација.

Се упатуваме кон Националниот парк во Маврово, најголемиот национален парк во Македонија, основан во 1949 година. Се простира на површина од околу 73.000 хектари и е познат по својата извонредна природна убавина, богати шуми, планински пејзажи и разновиден животински свет.

Таму ќе ја посетиме познатата Шаркова дупка, подземна убавина со прекрасни сталактити, сталагмити, корали и други пештерски украси што создаваат слика на недопрена убавина.

Од Маврово се упатуваме кон манастирот Св.Јован Бигорски. Се наоѓа на 2 км од селото Ростуше, Дебар, на надморска височина од 740 метри.

Манастирскиот комплекс вклучува црква, костурница, одбранбена кула, комплекс на монашки конаци и новоизградени гостински конаци.

Традиционален ручек пред враќање кон Скопје.

Враќање назад кон Скопје во попладневните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар