Вечерна тура низ Охрид, Македонија

Вечерна тура низ Охрид, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 30-130 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Лиценциран туристички водич
  • Вечера
  • Посета на историско-културни атракции

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Кога се спушта ноќта, старите камени улици на Охрид се будат со митови и мистериозни приказни што ќе ве понесат во далечни времиња, оставајќи ве без здив.

Далечни ѕвезди ја осветлуваат вашата патека, а нежните светла од старите куќи создаваат амбиент што ви се влева во душата, потсетувајќи ве дека Охрид е многу повеќе од само еден град – тој е мистична приказна која никогаш не завршува.

Ноќната тура низ Охрид започнува во приквечерните часеви на зајдисонце.

Турата е пешачка и во времетраење од 4-6 часа.

Се посетува стариот град Охрид.

Водичот ќе ви ги раскаже митолошките и легендарни приказни за градот и неговата историја.

Ноќната тура не би била комплетна без чаша вино, храна, десерт и убав поглед на целиот град и езерото.

Вечерната атмосфера на Охрид со легенди кои му даваат дополнителна мистичност ќе ве понесе во едно поинакво и незаборавно искуство.

Турата завршува на полноќ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар