Разглед на Кањон Матка и Скопје од Охрид - Македонија
Разглед на Кањон Матка и Скопје од Охрид. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 70-230 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Охрид-Матка-Скопје-Охрид)
- Лиценциран туристички водич
- Билет за брод до пештерите Врело
- Посета на пештерите Врело
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
- Кајак на Матка
- Индивидуални дополнителни возења со бродче
- Посета на историски знаменитости во Скопје
Целодневна тура со поаѓање од Охрид.
Се стигнува до Скопје за околу три часа.
Прва дестинација е Кањон Матка.
Целосен разглед и истражување на кањонот. Приватна тура со брод до пештерата Врело.
Истражување на пештерите.
Кафе и слободно време за индивидуален разглед и фотографии.
Поаѓање кон Скопје во попладневните часеви.
Истражување на центарот на Скопје, Старата Скопска чаршија, Скопското Кале.
Ручек.
Поаѓање назад кон Охрид.
Пристигнување во вечерните часеви во Охрид.
ЛОКАЦИЈА