Еднодневна винска тура во винарија Јостела

Еднодневна винска тура во винарија Јостела. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-110 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Гевгелија-Скопје)
  • Разглед на винаријата и дегустација на вино
  • Ручек/Вечера
  • (во летниот период, наша препорака е посета во попладневните часеви и вечера)

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Винаријата Јостела се наоѓа во близина на грчката граница, во Гевгелија, и е позната по своите уникатни вина. Специјализирани се за сортите Мерло, Каберне Совињон и белата сорта Жилавка.

Винаријата, која започнала во 2005 година, се управува од втората и третата генерација на семејството Гелебешеви. Тие се фокусираат на производство на вина со автентичен регионален карактер, користејќи локални сорти грозје.

Посетителите можат да уживаат во дегустации на вина и локални деликатеси, што ја прави Јостела популарно место за љубителите на вино.

Нашата тура започнува со поаѓање од Скопје, од каде ќе ни бидат потребни околу час и половина до локацијата.

По пристигнувањето ќе бидеме пречекани од сопствениците на винаријата, кои прават обиколка и ве запознаваат со процесот на производство.

Потоа следува дегустација, ручек/вечера зависно од периодот. Во летните вечери, наша препорака е да букирате летна винска вечер за уникатно искуство.

Ќе имате време за индивидуално истражување и фотографии.

Турата завршува со враќање назад кон Скопје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар