Часови по готвење
Gevgelija
Цена од:
1,000.00 ден
Организирани еднодневни тури со прошетки и часови по готвење кај локална фамилија
Вклучено во цена:
- По испраќањето на барањето за организирање вакво искуство нашиот тим ви испраќа понуда
Не е вклучено во цена:
- Во цената може да биде вклучен и транспорт со автомобил или комбе
Уживајте во еднодневното искуство во Македонско село на југот од Македонија (Регионот на Гевгелија)
Ние можеме да ви организираме превоз од Скопје, како и целодневно искуство кое вклучува:
- Прошетка низ регионот со посета на локални цркви
- Запознавање на локални мештани и нивните приказни
- Час по готвење на македонска традиционална храна во дом на локална фамилија
- Дегустација на домашна ракија и мастика
- Дегустација на локален сезонски зеленчук и овошје
Минимален број на гости е: 8 лица.
Групата може да биде од 8 до 15 лица.
Доколку времето е топло, настанот може да се организира и во градина, под лозови насади (по барање на групата)
Испратете барање со пополнување на формуларот.
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.