МТВ biking: Струга

Struga Цена од:

2,845.00 ден

Mожете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Максилана цена по група
  • Цените се движат до 48 евра во зависност од турата

Не е вклучено во цена:

  • Храна и вода
  • Транспорт до појдовната точка

Виктор Паун, Даниел, Дуле Шутин, Дејан Ришо и Дејан Наумоски се дел од хероите велосипедисти кои со голема страст ја промовираат убавината на западна Македонија. За нив, нема шумски патеки што не ги знаат, ниту значајни места на локалните планини кои не ги имаат посетено.

Како група, тие веќе извесно време организираат локални велосипедски тури за патувачите кои имаат сопствен велосипед. Тие најчесто организираат тури на планината Јабланица и Караорман, но често ги среќаваме и на Галичица и Стогово.

Една од најинтересните авантури е возењето по поранешниот воен пат преку караулата „Три Шилка“, која често ја препорачуваат за сите љубители на МТБ.

Тура 1: Три Шилка – Ќафасан – Радожда
Турата започнува со возење по асфалт до Вишни (1040 м.н.в.), а потоа продолжува по шумски пат до караулата „Три Шилка“ (1500 м.н.в.). Спустот води покрај границата со Албанија до граничниот премин Ќафасан, а потоа продолжува по шумски пат до село Радожда. Во текот на целото возење, велосипедистите уживаат во прекрасна панорама на Охридското Езеро и Струга.

Тура 2: Малесија
Оваа тура е вистинска атракција за МТБ бајкерите и ги поканува да ја откријат областа Малесија, која се простира на западните падини на планината Караорман. Возењето започнува до хидроцентралата Глобочица, а потоа следува искачување по off-road пат до селата Селци и Буринец, сè до Локов (1350 м.н.в.). Од таму, патеката продолжува преку 'Ржаново' до Зб'жди, а потоа по асфалт до Присовјани, Мислодежда и назад во Струга.

Тура 3: Лабунишки Бачила
Лабунишките бачила се наоѓаат на планината Јабланица, 6 км од селото Лабуништа. На патот до бачила ќе се израдувате на фасцинантната глетка, а на 2.5 км од таму се наоѓаат двете Лабунишки езера на 1930 м.н.в. Од таму, патеката продолжува преку Лабунишките езера до Подгоречкото Езеро, па на Подгоречките бачила и во селото Подгорци.

Дополнителни рути:
Една од највозбудливите МТБ рути на планината Јабланица е до селото Лакајца, на околу 1300 м.н.в. Патеката е 10 км off-road и идеална за МТБ. Оваа година, за авантуристите ќе биде организирана рута Струга-Лакајца-Лабунишки бачила-Струга.

Вистински предизвик за МТБ бајкерите е возењето до Вевчанска локва и голина, на околу 1700 м.н.в., која е една од најпопуларните дестинации во пролетните и летните месеци.

Потребна опрема:
Велосипед, ранец, малку храна и вода. Потребно е велосипедистите да бидат кондиционо подготвени за возење на околу 70 километри и искачување од околу 1000 метри.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар