НОВО
Супер Домаќин

Тури со Катамаран од Струга

Struga Цена од:

3,075.00 ден

Тура со катамаран од Струга. Турите можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте датум на кој сакате да се реализира турата и очекувајте одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Откако ќе добиете одговор со вкупна цена можете да потврдите резервација. Практикувајте барања за резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цени за турите
  • Тура до Св.Наум- 300€
  • Тура до заливот на коските- 220€
  • Тура до Изгрев- 50€
  • Тура до Охрид- 100€

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата на поаѓање од Струга
  • Храна и пијалоци

Максимум лица што може да се превозат е 11 (минимум за остварување на турата е 2 лица)

Катамаранот има безбедносни елеци за сите патници, има музика и интернет. Гостите може да си нарачат и пијалоци од катамаранот кои пијалоци се доплаќаат, а може и да си носат. Строго забрането носење стакло поради заштита на езерото и безбедност на гостите.

Нудиме неколку тури и тоа

Тура од Струга до Св. Наум
Турата до Св.Наум би била целодневна (околу 6-7 часа) во која се вклучени панорамско разгледување на Охрид, кратка пауза кај заливот на коските од 30 минути, разгледување на селото Трпејца и манастирот Св.Богородица Заумска, крајна дестинација Св.Наум, каде имама пауза за посета на манастирот и кафе/ручек по желба на патниците.

Тура до заливот на коските
Турата до заливот на коските би била целодневна (околу 5-6 часа) во која се вклучени панорамско разгледување на Охрид, попатно разгледување на целото крајбрежје до селото Пештани и крајна дестинација залив на коските каде има пауза од 1 час. По зависност од желба на патниците може да се застане во Пештани за кафе/ручек пауза.

Тура од Струга до Изгрев (идеална за панорамски разглед)
Турата до Изгрев вклучува едночасовно патување со разгледување на струшката обала се до хотелот Изгрев и населбата Елен Камен.

Тура од Струга до Охрид (идеална за забава на катамаран)
Тура до Охрид 3 часа во кои се вклучени разгледување на крајбрежјето на потегот од Струга до Охрид. Разгледување на стариот дел на Охрид и застанување во Охрид за кафе пауза од околу 30тина минути.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар