Работилници со лековити билки, природни производи и традиционално плетење во Луково – рурално искуство близу Струга
1,450.00 ден
Работилници со лековити билки, природни производи и традиционално плетење во Луково – рурално искуство близу Струга. Доколку сакате да резервирате вакво полудневно искуство, потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира, откако ќе испратите барање ќе добиете одговор по писмен пат со вкупна цена. Откако ќе добиете понуда ќе можете да резервирате.
Вклучено во цена:
- Табелата со цени е истакната во опис
- Организација и реализација на избраната програма со локален домаќин
- Едукативно водење и практични инструкции
- Материјали и прибор потребни за работилниците
- Дегустација на домашни билни напитоци и локални производи
- Традиционални закуски
- Рачно изработен производ за понесување дома, за учесниците во соодветните работилници
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата (Доколку е група може да се организира превоз и преку Кајак.мк)
Запознајте го традиционалниот селски живот во Македонија преку интересни едукативни и креативни активности во селото Луково, сместено во планинскиот регион на Јабланица, во близина на Струга.
Ова рурално доживување комбинира престој во природа,
запознавање со локалните растенија, изработка на природни производи и учење на
традиционални ракотворби.
Посетителите можат да изберат една од трите програми,
зависно од нивните интереси. Активностите се реализираат во мали групи, со
локален домаќин кој ги запознава учесниците со знаењата, обичаите и природните
богатства на овој регион.
1. Едукативна прошетка низ природата на Јабланица
Времетраење: приближно 4 часа
Оваа програма е наменета за љубителите на пешачењето,
природата и локалната флора.
За време на организираната прошетка низ околината на Луково,
учесниците ќе се запознаат со растителниот свет на Јабланица, сезонските билки
и нивната традиционална употреба.
Локалниот домаќин ќе ги претстави карактеристиките на
растенијата и ќе објасни како одредени билки се користат во домашната
подготовка на чаеви и други природни производи.
По прошетката, гостите ќе имаат можност да поминат време во
традиционален селски двор и да дегустираат домашни билни напитоци, природни
сокови и мед од глуварче.
2. Практична работилница за природни масла, тинктури и
билни производи
Научете како растенијата од македонските планини можат да се
користат за подготовка на традиционални природни производи.
Работилницата опфаќа практични активности поврзани со
запознавање и собирање сезонски билки, нивна обработка и основните постапки за
изработка на билни препарати.
Во зависност од програмата и достапните растенија,
учесниците ќе имаат можност да се запознаат со подготовката на мацерати,
тинктури, билни чаеви и природни креми.
Секој посетител учествува во процесот на изработка и добива
мал рачно подготвен производ, спакуван во соодветен сад, кој може да го понесе
дома.
Во програмата е предвидена и дегустација на локални
производи и традиционални закуски.
3. Креативна работилница за традиционално плетење
Откријте ги основите на рачното плетење во мирна селска
средина, опкружена со зеленило и планинска природа.
Под насоки на домаќинот, учесниците ќе научат техники на
плетење со една игла и ќе изработат сопствен мал ракотворен предмет.
Работилницата е соодветна и за почетници, бидејќи не е
потребно претходно познавање на техниките.
Потребните материјали, вклучувајќи волница и едукативни
материјали, се обезбедени од организаторот.
Изработениот предмет останува кај учесникот како спомен од
искуството.
По завршувањето следува дружење и послужување со домашни
напитоци и локални закуски.
Цени на искуствата
Опција 1 – Едукативна прошетка во природа
|
Категорија |
Цена |
|
Возрасен (12+) |
1.450 ден. |
|
Двајца возрасни |
2.900 ден. |
|
Дете (5–11 години) |
730 ден. |
|
Две деца |
1.450 ден. |
Опција 2 – Работилница со билки и природни производи
|
Категорија |
Цена |
|
Возрасен (12+) |
1.670 ден. |
|
Двајца возрасни |
3.340 ден. |
|
Дете (5–11 години) |
840 ден. |
|
Две деца |
1.670 ден. |
Опција 3 – Работилница за традиционално плетење
|
Категорија |
Цена |
|
Возрасен (12+) |
1.670 ден. |
|
Двајца возрасни |
3.340 ден. |
|
Дете (5–11 години) |
840 ден. |
|
Две деца |
1.670 ден. |
Децата до 4 години можат да учествуваат бесплатно.
Што е вклучено во цената?
- Организација
и реализација на избраната програма со локален домаќин
- Едукативно
водење и практични инструкции
- Материјали
и прибор потребни за работилниците
- Дегустација
на домашни билни напитоци и локални производи
- Традиционални
закуски
- Рачно
изработен производ за понесување дома, за учесниците во соодветните
работилници
Дополнителните оброци не се вклучени во цената.
Информации и услови за учество
Локација: Село Луково, планина Јабланица, во близина
на Струга, Македонија.
Период на реализација: Мај – октомври.
Број на учесници: Минимум 4, максимум 6 лица во
група.
Резервација: Најмалку 5 дена пред посакуваниот
термин.
За кого е наменето искуството?
Програмите се погодни за семејства со деца, парови,
пријатели, љубители на природата и посетители кои сакаат да научат нови
практични вештини.
Искуствата можат да бидат интересни и за странски туристи
кои сакаат да го запознаат секојдневието во македонските планински села,
локалните традиции и рачната изработка на природни производи.
За резервација на избраната работилница или едукативна
прошетка, испратете барање преку Кајак.мк.
ЛОКАЦИЈА