Кајакарење по Црн Дрим
Кајакарење по Црн Дрим. Доколку сакате да резервирате или испратите прашање, потребно е да го пополните формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со инфо и вкупна цена.
Вклучено во цена:
- Цената се одредува во зависност од групата, периодот и турата
- За конкретна цена користете ја услогата „Разговарај на Вибер“
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Нова сезона, нови авантури
Новиот туристички период го започнуваме со проширен пловен парк и дополнителни
содржини кои им ги нудиме на нашите посетители. Ова лето, нашиот капацитет е
зголемен на 20 кајакари по тура, кои ќе имаат можност да веслаат истовремено
под надзор на лиценцирани спасувачи на вода и искусни водичи низ познатите
авантуристички патеки:
Сафари кајакарење по Црн Дрим и Глобочичко Езеро:
Започнете од село Ташмаруништа и авантурата низ месноста Теснец, продолжете
покрај Бигор, Бигорскиот мост и манастирот Св. Јован Претеча, се до новото село
Глобочица. Ова патување вклучува возбудливо веслање над старото потопено село и
црквата Св. Илија.
Градската Кафе-Тура:
Од Хотел Солферино, покрај Машка Плажа, до Устието на Дрим, каде што Охридското
Езеро се спојува со реката. Продолжете покрај Женска Плажа и Локалитетот
Дримени, уживајте во прекрасниот пејзаж и завршете со кафе послужено на 5 км од
Струга, на длабочина од преку 150 метри.
Еколошки придонес:
Кајакарските тури се од особена важност за струшкиот регион. Покрај авантурата,
редовно се спроведуваат еко патроли, чии резултати водат кон еколошки акции и
подобрување на природната средина. Сите активности се финансираат од нашиот
тим.
Кајакарска опрема под наем:
Од оваа сезона, нудиме и кајакарска опрема под наем. Изберете меѓу едносед,
двосед или тросед, со чамец, весло и безбедносен елек. Изнајмете ја опремата на
час, полудневно или дневно и започнете го своето авантуристичко патување.
Хуманитарни маратони:
Годишните хуманитарни маратони за лица со ретки болести, „Весламе за ретките“,
годинава ќе го одржат своето трето издание. На него може да учествува секој кој
сака да се вклучи и да даде свој придонес.
Минатата година:
Кајакарскиот спуст по Црн Дрим го искусија 230 кајакари од земјава и странство, што ја потврдува
популарноста на оваа авантура.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Marijke Bollaert
24.07.2023 01:00
Hi We are a belgian family that is visiting macedonia at the end of August We are 5, our children are aged 8, 11, 13 Can We book an organised kayak tour? What is the prive?