Автентично искуство на Фарма за магариња - Полудневна тура од Скопје
Автентично искуство на Фарма за магариња - Полудневна тура од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Виничани-Скопје)
- Локален претставник
- Посета на фармата за магариња
- Локален ручек
- Дегустација на млеко
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Еднодневна тура од Скопје до Виничани - Посета на фарма за магариња
Поаѓаме од Скопје во утринските часеви.
Неколку информации за селото Виничани:
Село Виничани, со нешто повеќе од 470 жители, се наоѓа во областа Клепа. На десниот брег од реката Вардар. На 23км јужно од Велес и на само 5км од општинското градско подрачје Градско.
Селото е познато по честото менување на својата местоположба. Уште од минато време постојат докази - археолошки наоѓалишта кои сведочат дека повеќе од девет пати Виничани ја менувало својата местоположба. За денешната локација има многу записи во македонски и турски книги, па може да кажеме дека е веродостојна.
Економијата во Виничани е во постојан раст, со земјоделието како главен сектор, кој учествува со 80% од економската активност. Во минатото, главни земјоделски култури биле памук, тутун и афион, додека од 90-тите години започнало садењето лозја и овошки.
Виничани е еден од најголемите производители на раноградинарски култури во Македонија, со значителен извоз на пипер, патлиџан, кајсии, праски и други земјоделски производи.
Токму овде, на оваа локација се наоѓа фармата на Тео.
Нашата програма:
- По пристигнување на фармата, ќе бидеме пречекани од домаќините. Запознавање со семејството.
- Презентација на фармата.
- Разглед и запознавање со магарињата.
- Учество во грижа за магарињата.
- Процесот на давање млеко, обработка, складирање.
- Дегустација.
- Прошетка во природа.
- Локален оброк.
Турата завршува со поаѓање назад кон Скопје во попладневните часеви.
ЛОКАЦИЈА
Разгледајте повеќе атракции

5,000.00 ден