Рафтин по Вардар и Рафтинг по Црна Река

Veles Цена од:

5,000.00 ден

Рафтин по Вардар и Рафтинг по Црна Река можете да резервирате со испраќање на барање. Селектирајте го датумот на кој сакате да се реализира турата. Пишете ни колку лица сте и што би сакале. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот со вкупна цена по која доколку ви одговара можете да резервирате.


Вклучено во цена:

  • Цена за група од 4 лица со поаѓање од Велес па се до Село Ногаевци по цена од 5000 денари
  • Цената може да варира во зависност од барањата и големината на група и вашата замисла

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до појдовна локација

Еј друштво, тимот на Кајак.мк со нова предлог авантура за вас и вашето друштво!

Дали знаете дена преку Кајак.мк можете да резервирате Рафтинг по Вардар или Црна Река, авантура која е идеален избор за сите кои сакаат да побегнат од секојдневието и да уживаат во природата.

Рафтингот по реките во Македонија е доживување полно со возбуда и тимска енергија, совршено да го исполните денот со вашето семејство, пријатели и блиски. За сите кои се во потрага по нови, екстремни искуства, ова е активност која ќе ги поттикне да се опуштат, но истовремено да ја почувствуваат природата во својата најдивата форма.

Турата по Вардар трае околу 3 часа и започнува недалеку од Велес па се до село Ногаевци.

Ваквите тури се организираат од мај до октомври, секако кога сезоната е во полн ек, а сонцето топло! Што се однесува до тоа пак кој може да биде дел од ова рафтинг авантура, треба да имате предвид декаможе да се пријават лица кои се над 10 години, кои знаат да пливат и кои не тежат повеќе од 120 килограми.

Безбедноста е на прво место, а целата авантура ќе биде водена од професионален тим кој се грижи за вашата сигурност и соодветна обука. Пристигнувањето е следено со кратка инструкција, а потребно е да сте облечени во шорц и купаќи, со капа за сонце по можност. Организаторот обезбедува професионална опрема, а може да се направат паузи за фотографирање, скокање во вода или едноставно уживање во прекрасниот пејзаж.

За целосно уживање, постои можност за договорен пикник со храна и пијалаци на лице место, со доплата.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар