Целодневно автентично локално искуство во Велес
1,800.00 ден
Доживејте го автентичниот Велес преку прошетка низ градот, традиционална грнчарска работилница и домашен оброк со панорамски поглед кон градот и реката Вардар. Автентично македонско културно и гастрономско искуство за туристи.
Вклучено во цена:
- Цена: 30 – 75 € по лице
- (Цената зависи од големината на групата, менито и времето на посетата)
- Лесна пешачка тура низ градот со приказни за историјата и културата
- Посета на локално грнчарско семејство и кратка работилница
- Демонстрација на традиционално грнчарство
- Домашен оброк (ручек, доцен ручек или вечера)
- Добредојде пијалок
- Панорамски поглед кон:
- Спомен Костурницата
- Ридот со црквата Св. Илија
- Градската саат-кула
- Реката Вардар
- Приказни за градот и локалниот начин на живот од домаќините
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да биде организиран и вклучен во цената)
- Лични трошоци
- Сувенири од грнчарската работилница
Целодневната екскурзија во Велес е осмислена како автентично локално искуство кое ги комбинира историјата, културата, занаетчиството и домашната гастрономија. Турата е инспирирана од културното наследство на Коста Солев Рацин и животот во традиционалните велешки маала.
Турата започнува со лесна прошетка низ градот. Во текот на прошетката се раскажуваат приказни за историјата и културниот живот на Велес, со панорамски погледи кон:
-
Спомен Костурницата
-
Ридот со крстот и црквата Св. Илија
-
Старите делови од градот
Гостите добиваат краток вовед во градскиот начин на живот и традициите на регионот.
Следува посета на локално грнчарско семејство, каде посетителите можат:
-
Да гледаат демонстрација на традиционално грнчарство
-
Да учествуваат во мала работилница
-
Да изработат сопствен мал сувенир
Грнчарството е еден од најпознатите традиционални занаети во регионот и многу интересна интерактивна активност за туристите.
Гастрономскиот дел се организира на ридот Којник со поглед кон градот и реката Вардар.
Менито вклучува:
-
Добредојде пијалок
-
Домашни традиционални мезе специјалитети
-
Главно јадење од домашна кујна
-
Домашен десерт
За време на оброкот домаќините споделуваат приказни за градот, традицијата и секојдневниот живот во Велес.
Дополнителни информации за турата:
Траење: 6 – 8 часа
Големина на групи: 6 – 20 лица
Резервација: задолжителна
ЛОКАЦИЈА