Еднодневна Винска Тура: Скопје - Винарија Шато Сопот

Еднодневна Винска Тура: Скопје - Винарија Шато Сопот. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-110 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Шато Сопот-Скопје)
  • Разглед на винаријата и дегустација на вино
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Влезници за посета на спомен куќите во Велес
  • Дополнителни влезници за други атракции

Еднодневна Винска Тура: Скопје - Винарија Шато Сопот

Винаријата Шато Сопот се наоѓа во непосредна близина на градот Велес. Од Скопје се потребни околу 45 минути за пристигнување на локацијата. Трансферот ќе биде обезбеден од вашиот хотел или во непосредна близина на вашето сместување во Скопје. 

Стигнуваме во Велес, кој се наоѓа на околу 7-10 минути од винаријата. Градот, познат и по името Титов Велес, е град кој спојува култура и историја од векови наназад па се до денес. Ќе ја посетиме куќата на фамозниот поет Коста Солев Рацин, Музејот на градот Велес, за подобро запознавање на околната историја, спомен Костурницата како важен потсетник на минатото. Ќе имате можност за прошетка и уживање по велешките сокаци.

По обиколката на градот се упатуваме кон винаријата.

По пристигнувањето ќе бидете пречекани од тимот на винаријата кој ќе ве води на обиколка на самата винарија.

Во текот на обиколката ќе имате можност да дознаете повеќе за процесот на производство на виното, како и да ја разгледате најсовремената инфраструктура на винаријата. Ќе се запознаете со лозјата кои се простираат на 103 хектари и опфаќаат различни сорти, како Рајна Ризлинг, Каберне Совињон и Шардоне, што создава уникатен пејзаж околу винаријата. Лозјата се сместени во плодни предели, а погледот кон Велешкото езеро и околните висорамнини ќе ве воодушеви.

По обиколката на винаријата, ќе имате можност за дегустација на разни вина произведени на самото место. Виното ќе биде комплетирано со вкусно мезе и деликатеси, кои ќе го надополнат вашето искуство и ќе ви дозволат да уживате во вистинската магија на македонските вина.

По дегустацијата, ќе имате прилика да се опуштите и да уживате во вкусен гурмански ручек, подготвен од најдобрите локални состојки. 

По ручекот, ќе имате слободно време за кратка прошетка низ лозјата и индивидуално истражување на околината.

Денот може да го заокружиме со кафе на Велешкото езеро.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар