Целодневна тура во Тетово и Гостивар, со посета на Шарената Џамија и Арабати Баба Теќе

Целодневна тура во Тетово и Гостивар, со посета на Шарената Џамија и Арабати Баба Техе. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Тетово-Гостивар-Скопје)
  • Лиценциран туристички водич

Не е вклучено во цена:

  • Ручек (опција да биде вклучен во цената)
  • Пијалоци
  • Лични трошоци

Турата започнува со поаѓање од Скопје во утринските часеви.

Градови кои ќе ги посетиме се Тетово и Гостивар.

Тетово е град во западниот дел на Македонија, познат по близината до Шар Планина и природните убавини на регионот. Сместен во долината на реката Пена, денес е познат по етничката разноликост. Градот е исто така познат по својата богата традиција, образование и развој на индустријата. Во околината се наоѓаат природни убавини и можности за планинарење и туристички активности.

Атракции што ќе ги посетиме:

1. Шарената Џамија

2. Арабати Баба Теќе

3. Меморијален Музеј на формирање на КПМ

4. Тетовски амам - Уметничка Галерија

5. Мостот на реката Пена

Слободно време за индивидуален разглед, посета на локални цркви, фотографии.

Гостивар е град во западниот дел на Северна Македонија, сместен на реката Вардар. Историски, градот е значаен и има долга традиција, од камената епоха до денес. Популарен е по својата мултиетничка заедница. Гостивар има важна економска улога, а околните планини и природни убавини се привлечни за туристите и локалците.

Атракции што ќе ги посетиме:

1. Црква Св.Ѓорѓија - Дебреше

2. Бегова куќа

3. Саат-кулата

4. Плоштадот со околните цркви и споменици

Слободно време за индивидуален разглед, фотографирање.

Нашата тура завршува со поаѓање назад кон Скопје во приквечерните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар