НОВО

Лазарополе и Гари од Скопје - целодневна рурална тура

Лазарополе и Гари од Скопје - целодневна рурална тура. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Полошки регион-Скопје)
  • Лиценциран водич

Не е вклучено во цена:

  • Ручек (на барање на групата може да биде организиран и вклучен во цената)
  • Пијалоци
  • Лични трошоци

Целодневна рурална тура во Полошкиот регион на Македонија

Турата започнува во раните утрински часеви со поаѓање од Скопје.

Посета на:
Дуфски водопад - водопад по течението на Ростушка река. Водопадот е полноводен цела година, а најголем проток има зиме. Природната локација е заштитена со пешачка патека која води до него, а прошетката до водопадот трае околу половина час.

Лазарополе - планинско село, сместено на 1300 метри надморска височина. Познато е по својата природна убавина, свеж воздух и традиционален начин на живот. Лазарополе исто така е познато по своите традиционални куќи и гостопримството на локалните жители.

Гари - мијачко село на 1100 метри надморска височина. Поради планинската местоположба на селото познато е по сточарството како примарна дејност. Гари е старо македонско традиционално село. 

Лазарополе и Гари се истражуваат детално, со посета на локални цркви, историски обележја, стара архитектура, запознавање со локалци и со начинот на кој живеат локалците.

Поаѓање назад кон Скопје во приквечерните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар