Посета на дестилерија и винарија и дегустација на ракија од македонска слива, јаболка и грозје и домашно вино
Еднодневна посета на десилерија и семејна винарија во околината на Охрид. Тура која ќе ве запознае со локалната ракија и домашната храна
Вклучено во цена:
- Цената варира во зависност од големината на групата и се што вклучува пакетот
- Доколку сте заинтересирани испратете ни барање на [email protected] за да ви испратиме понуда
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Турите ги
организираме во регионот на Охрид, до локација Климештани, до каде посетителите
треба сами да стигнат со превоз. Климештани е оддалечено 20 километри од Охрид
или 20 минути возење. Се наоѓа во прекрасна природа.
Со посетата на
дестилеријата гостите ќе може да се запознаат со целиот процес од одгледување,
преработка на овошје и произведување на ракија и најважното од се е дегустација
на сите вина и ракии. Самата фамија се занимава и со сточарство што значи дека
со виното и ракијата ќе имате можност да вкусите и неколку видови на сирење и
други традиционални производи.
Земјоделието и домашното производство се можеби физички
тешки, но целокупното природно
богатсво планината, реката, полињата и животните се извор на природна енергија која човекот може да
ја осети доколку создава и се занимава со тие дејности, за посетиелите значи одлично прибежиште од секојдневниот современ живот и контакт со природата.
ЛОКАЦИЈА