Еднодневна винска тура во винарија Лазар
Еднодневна винска тура во винарија Лазар. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-110 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Тиквешки регион-Скопје)
- Влезници за археолошкиот локалитет Стоби
- Разглед на винаријата и дегустација на вино
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
Винарија „Лазар“ е семејна винарија основана во 2015 година, која прерасна во симбол на квалитет и традиција во македонското винарство. Сместена во близина на античкиот локалитет Стоби, во срцето на Тиквешкиот вински регион, винаријата нуди уникатно винско доживување.
Турата започнува со поаѓање од Скопје, кој е на 80км од овој предел.
Пристигнувањето е во античкиот локалитет Стоби.
Археолошкиот локалитет Стоби е еден од најважните антички локалитети во Македонија, лоциран во близина на градот Градско, во близина на винаријата Стоби. Овој древен град бил еден од најголемите и најзначајните римски градови во регионот, и денес се истражува како сведок на богатото културно и историско наследство на овие простори. Стоби е познат по своите остатоци од амфитеатарот, јавните бањи, црквите, палати и други архитектонски објекти, кои сведочат за развиената урбана инфраструктура и културни влијанија на римскиот период. Посетителите можат да се запознаат со овие историски останки и да уживаат во уникатната атмосфера на овој антички локалитет.
Потоа се упатуваме кон винарија „Лазар“.
Со годишно производство од околу 150.000 шишиња, „Лазар“ располага со 22 различни етикети, од кои 70% се бели, розе и пенливи вина. Особено се истакнуваат пенливите вина произведени по италијанската просеко технологија, позната како шармат метод, што ги прави единствени на македонскиот пазар.
Во винаријата ќе имаме дегустација, обиколка и запознавање со процесот на производство.
Потоа следи ручек, подготвен од локални деликатеси или специјалитети од меѓународната кујна, кои ќе го надополнат вашето винско искуство.
По ручекот ќе имаме и слободно време за истражување на околината.
Турата завршува со поаѓање назад кон Скопје.
„Лазар“ е вистинска дестинација за љубителите на виното, храната и природата, нудејќи незаборавно искуство во секој аспект.
ЛОКАЦИЈА
Разгледајте повеќе атракции
2,000.00 ден