Вински тури во Македонија
Винска тура во Македонија. Организиран превоз, посета на неколку винарии, дегустација на разни вина и храна. Доколку сте група испратете барање за да ви организираме една ваква тура во Македонија. По испратеното барање ќе добиете понуда на мејл со вкупна цена.
Вклучено во цена:
- Цената варира и може да се движи од 30-100 евра од лице во зависност од барањата на клиентот
- Ваквите тури се организираат за групи од минимална бројка од 5 лица до 25 лица
Не е вклучено во цена:
- Програмата ги опфаќа сите трошоци
Доколку патувате
во Македонија и сакате да искусите вистинска винска тура во регионот на Кавадарци, Неготино или пак Гевгелија или друг регион во Македонија, тогаш испратете ни барање
за организирање на еднодневна или повеќедневна тура.
Нашиот тим ќе ви ги
организира најдобрите вински тури преку кои ќе можете да се запознаете со
малите семејни винарии и со винариите кои произведуваат фантастично вино во Македонија, но и да ги
слушнете нивните приказни и доживеете уникатни искуства.
Нашите тури
опфаќаат посета на неколку винарии (мали семејни винарии и големи винарии-
според интересот на патниците), дегустација на разни вина и комбинација на македонска
храна и сирења, организиран транспорт. Доколку турите се со повеќе ноќевања организираме ноќевање во некоја винарија.
Нашите тури
вклучуваат организиран превоз со автомобил, мини комбе, комбе или автобус во
зависност од бројот на лица во групата.
Преку нашите тури ќе имате прилика да запознаете многу локални приказни, да запознаете локални херои кои произведуваат квалитетни вина, а ќе имате можност и да искусите неколку уникатни искуства,
како резбање, посета на разни локални знаменитости како цркви, манастири и археолошки локалитети.
Доколку групата е
заинтересирана за повеќедневна винска тура, ние организираме ноќевање во некоја
винарија.
Винските тури се реализираат
во текот на цела година, бидејќи сметаме дека нема лош период во годината за
дегустација на добри вина.
Транспортот и турите
може да се реализираат од било кој град во Македонија.
Испратете ни барање со пополнување на формуларот, или на мејл на [email protected]
Во Македонија има многу локални семејни винарии кои произведуваат квалитетно вино и вложуваат сѐ од себе за да создадат квалитетна винска приказна преку која ќе се промовира нашата земја насекаде во светот.
Кајак.мк има мисија преку која сѐ до последниот миг од постоењето ќе направи напори да ја даде сета поддршка на малите семејни винарии кои ја вложуваат сета љубов во производството на квалитетно локално вино. Од ваквите причини, ние отпочнавме со организирање на вински летни дегустации низ разни дворчиња на семејните винарии во Македонија.
Како платформа која настојува настаните да имаат свој уникатен карактер, среќни сме што компанијата Сингулар ни ја даде можноста да ѝ организираме еден ваков настан, кој имаше дирекна поддршка на винаријата. Ваквите приватни вински вечери може да започнат во 19:00 или 20:00 часот, каде наше е да ви го организираме просторот, а ваше е да го организирате вашето друштво, пријатели или колеги.
ЛОКАЦИЈА