Тура со коњи низ Тиквешијата со искачување на врвот Клепа
2,000.00 ден
Тура со коњи низ Тиквешки регион низ лозови насади со искачување на врвот Клепа. За да резервирате испратете барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна сума. Практикувајте барања за резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Цена по лице (Почетници и искусни)
- Цената е фиксна
- Обука за јавање
- Тура со коњи од 4 часа
- Водич
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата на поаѓање
- Храна
Новата тура Клепа е сега достапна за резервација.
·
2000 денари по човек за домашни гости
·
40 евра по човек за странци поради ангажирање на водич на англиски
Турата трае 4 часа, со дополнителни 30 минути
обука за безбедност и јавање. Достапна е секој ден и е одлична можност за
авантура и истражување на природата.
Преглед за турата за македонци:
- Цена
по лице: 2.000 денари
- Времетраење: 1
ден
- Време
на јавање: 4 часа (19 km total)
- Ниво
на вештина: Погодно за почетници
- Водич
на Македонски јазик
Вклучено во цена:
- 4
часа јавање
- 30
мин обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
За Турата
Турата претставува планинско јавање кое ќе ве однесе низ
зелените овоштарници и разгранетите лозја, патека која ве води до прекрасниот
врв Клепа со неверојатен поглед кон Тиквешките лозја.
Секој чекор по оваа патека открива нов пејзаж, нудејќи ви
шанса да застанете и да вдишете животот на природата која ве опкружува.
Јавањето на коњ е прилагодено за сите нивоа на искуство, овозможувајќи ви да
уживате во спокојот и убавината на патувањето без оглед на вашите вештини.
Локација: Турата започнува од ранчот кој се наоѓа во близина на село Сирково и Долно Чичево. Од ранчот добивате точна локација по самата резервација. Може да пристигнете со автомобил.
Агенда на планирани активности:
- 10:00: пристигнување
на ранчот (чекирање и добивање заштитна опрема)
- 10:30: 30-минутен
безбедносен брифинг и тренинг сесија за почетници, Започнуваме со основно
воведување во јавањето, каде што ќе Ве запознаеме со техниките и основите
за безбедно управување со коњ. Нашата цел е да се осигураме дека секој
учесник се чувствува удобно и подготвено за патувањето.
- 11:00: Групата
тргнува кон врвот Клепа, јавајќи по една од најживописните патеки во
регионот. Патеката е долга 19 км и е дизајнирана така што е прилагодлива и
за почетници, обезбедувајќи приближно 4 часа јавање низ природата
- 3:00: Пристигнување
на ранчот.
ЛОКАЦИЈА
Разгледајте повеќе атракции
2,000.00 ден