НОВО

Домашни јуфки по стар македонски рецепт – автентично кулинарско доживување

Tikvesh Region Цена од:

3,000.00 ден

Доживејте ја македонската традиција преку подготовка на домашни јуфки, стар рецепт, локална приказна и дегустација на традиционални јадења.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 3.000 денари
  • Демонстрација и практично учество во традиционалната подготовка на домашни јуфки
  • Подготовка на тестото и изработка на јуфки според стар македонски рецепт
  • Запознавање со традиционалните техники за расукување, сушење и чување
  • Дегустација на домашни јуфки подготвени во различни традиционални рецепти
  • Приказна за традицијата и начинот на подготовка кој се пренесува низ генерации

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Лични трошоци

Автентично кулинарско искуство со домашни јуфки

Запознајте ја традицијата на подготовка на домашни јуфки преку автентично кулинарско искуство создадено според старите македонски рецепти и начини на подготовка кои се пренесуваат низ генерации.

Во Пепелиште ќе имате можност да ја слушнете приказната зад оваа традиција и да откриете како со едноставни состојки, трпение и посветеност се создаваат домашни јуфки со препознатлив вкус.

Што вклучува искуството?

  • Подготовка на тестото – запознавање со состојките и традиционалниот начин на подготовка.
  • Расукување на корите и изработка на јуфките – практично учество во процесот на создавање.
  • Запознавање со традиционалните техники – начини на сушење, чување и подготовка на јуфките.
  • Дегустација на домашни јадења – уживање во јуфки подготвени според различни традиционални рецепти.

Ова е повеќе од кулинарска активност – тоа е средба со македонската традиција, домашната кујна и приказната на луѓето кои со љубов го зачувуваат ова наследство.

Детали за искуството

Локација: Пепелиште
Времетраење: 2-4 часа
Минимална група: 4 лица

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар