05.10.2022

Тим билдинг во Грција за среќен крај на летната приказна

Тим билдинг во Грција за среќен крај на летната приказна

За оние коишто нѐ прашуваат: Дали тимот на Кајак.мк организира тим-билдинг патувања во Грција? Одговорот е секако „ДА“. Кајак.мк соработува со платформа која соодржи вкупно 570 хотели идеални за организирање тим-билдинг патувања во текот на целата година.


За тоа дека нема лош период за организирање тим-билдинг патување во Грција, потврди компанијата „Frontwise Group“ со чиј вработени имавме прилика да другаруваме од 29.09 до 01.10, период кога како организатори се соочивме со доста динамична група од млади кои знаат како да го уживаат своето време со колегите.


Пред сѐ треба да признаеме дека времеските услови и температурата беа одлични. Прекасно поминати три дена во хотелот Bianco Olympico во Ватопеди. Сигурно многумина од вас се прашувате каде се наоѓа Ватопеди и поради кои причини го одбравме овој хотел да биде наш дом за време на тим-билдингот? Кајак.мк како платформа советник сака да ви сподели неколку совети кои ќе ви помогнат да одлучите дали хотелот е идеално место за вашиот следен тим-билдинг.


Ватопеди е мало селце кое се наоѓа непосредно пред Никити, познато туристичко место на вториот крак. Хотелот Bianco Olympico е покрај плажа, опколена со плантажи маслинови дрвца, што ви дава чувство на отцепеност од масовниот туризам и метежот кој може да го начекате во текот на сезоната во Грција. Додека појадувате на терасата се чувствува мирисот од боровата шума и маслинките кои се зреани во овој период од годината. Со еден збор: Спокој!


Хотелот има прекрасна тераса каде се служи ALL INCLUSIVE услугата. Богат појадок, ручек и вечера, а пак за пијалоците вклучени во услугата овде е барот и базенот каде можете да уживате во добар лаф-муабет со колегите. Хотелот се наоѓа на угорно место, нешто кое треба да го имате до знаење ако евентуално имате проблем при искачување на угорнина, но сепак малиот напор го оправдува погледот кој го нуди хотелот.


Хотелот има мала плажа со лежалки, прекрасно зајдисонце и тесна козја патека по која треба да се движите за да стигнете од хотелот до плажата. Нам Bianco Olympico ни овозможи прекрасно домаќинство за време на престојот.


Недалеку од Ватопеди, се наоѓаат прекрасни туристички дестинации кои можат да се посетат со организиран превоз. Овде е Ковиу, прекрасната долга и песочна плажа. Ковиу нам беше идеална плажа за TREASURE HUNTING и за целодневно киснење во топлата морска вода.

Покрај игрите кои ги органзиравме, во забавниот дел ни се приклучија нашите пријатели и другари од ChillOut кои сепак ги ставаме како јаготка на шлагот.



Frontwise Group е нашата нова компанија херој која преку својот тим-билдинг донираше нови 200 дрвца за пошумување во Македонија, а кои вработени докажаа што значи борбеност и колегијална соработка.


Сонцето не беше случајно, сонцето беше поради позитивните вибрации кои ги креираше групата во текот на патувањето. Само така времето може да ни се насмевне. Но кога станува збор за временската прогноза, за сонце, дожд, снег, ветер или грмотевици, имаме само едно да кажеме: Не постои лошо време за патување, постои само лошо расположение и лошо друштво.

Ви благодариме Frontwise на спомените, дефинитивно ќе ни послужат како искуство при наредните патувања.

Доколку сакате повеќе фотографии од патувањето, можете да погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Планинска дрвена викендица во која секој би сакал да престојува

Уникатните сместувања кои ги има во Македонија можете да ги најдете на платформата на Кајак.мк.

Охрид ја има најуникатната вила во бохо стил

Нашиот тим денеска ве води во Охрид, односно во населбата Рача, каде своите врати за светот на Кајак.мк ги отворија нашите нови млади домаќини за кои можеме да речеме дека го чествуваат новиот концепт на турзам кој ќе се развива во блиска иднина.

Велешанецот Давор е еден од ретките пирографичари во регионот

Давор потекнува од Велес и љубовта кон уметноста ја негува уште од детските години. Во историјата на неговото семејство се среќаваат занаетчиството и уметноста во различни облици – од изработка на мебел и предмети од дрво до копаничарство.

Престојувајте во мала семејна винарија во село Пепелиште

Винарија Максимилијан со можност за ноќевање. Нови апартмани отворени во склоп на винаријата.

Во Македонија се наоѓа „Рајот на земјата“ за кој малкумина слушнале

За оние коишто не се љубители на приватни места, места каде спокојот е приоритет и каде природата ќе биде 99% од вашето секојдневие за време на престојот, може слободно да ја исклучат страницата.

Изолирана вила со базен во село Орашец идеална за уживање

Околината на вилата е исполнета со зеленило, брда, чист воздух, а локацијата нуди и прекрасно зајдисонце.