13.05.2025

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!

Тимот на Кајак.мк е среќен да ви ја сподели ова убава вест, а тоа е дека во Југоистокот на Македонија ни се отвори уште еден прекрасен и уникатен агротуристички комплекс кој има цел да ја промовира локалната храна и животот во село Габрово.

ТИМОТ НА КАЈАК.МК РАБОТИ НА МОМЕНТОТ ДА ГО ДОДАДЕ СМЕСТУВАЊЕТО СО ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ! 

На само неколку километри од Струмица, веднаш до живописното село Габрово – познато по својата недопренета природа и Габровските водопади – се отвори нешто сосема ново и инспиративно: хациендата Лоуисандро, првиот агротуристички сместувачки комплекс во југоисточна Македонија.


Фото: Официјална фејсбук страница на градоначалникот Kosta Kostadinov 

Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија. Зад овој проект стои Васко Коциров, струмичанец кој по повеќе од две децении живот и работа во Холандија, одлучи да се врати дома и да започне нешто што ќе го оживее руралниот туризам во регионот.


Преземено од: KTM Voyage страница на фејсбук

Хациендата располага со седум удобно уредени соби, а гостите тука може да уживаат во мирот на природата, домашна здрава храна од сопствено производство и атмосфера што наликува на вистинска оаза за бегство од градскиот метеж.

Идејата е едноставна, но силна: да се понуди искуство што ги спојува традицијата, локалната гастрономија и автентичниот селски амбиент. Наскоро очекувајте повеќе детали.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.