22.05.2025
За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк
За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк
Тимот на Кајак.мк ексклузивно ви ги споделува сите нови и возбудливи туристички атракции низ Македонија. Денеска ни е особена чест да објавиме дека отсега може да направите онлајн резервација за првиот голф терен во државата, кој се наоѓа во прекрасниот Охрид. Оваа уникатна дестинација претставува спој на спорт, забава и релаксација, достапна за сите генерации.
| Доколку сакате да ги погледнете цените и да направите резервација на термин кликнете ОВДЕ. |

Професионалниот голф терен нуди идеално искуство и за оние кои никогаш не држеле голф палка, и за искусни љубители на овој спорт. Без разлика дали доаѓате со семејството, со пријатели или како дел од деловна група, ќе уживате во беспрекорно уредениот терен, голф симулаторот, и пријатната атмосфера на кафетерија-клубот. На располагање е целокупна опрема за изнајмување, како и основна обука за почетници. Патувањето со голф-карт низ зелениот терен е само еден од многуте моменти што ќе ги паметите.

Понудата е совршена и за компании кои сакаат поразличен, ефикасен и забавен тим билдинг во природа. Организирајте корпоративен настан, прослава или тимска активност на теренот – додека се релаксирате, се натпреварувате или едноставно уживате со колегите. Резервирајте го вашиот термин директно преку Кајак.мк и искусете нешто ново, уникатно и достапно – прв пат во Македонија! Не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од новата ера на туризам и рекреација во Охрид.
Доколку сакате да ги погледнете цените и да направите резервација на термин кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?